Четириесет и седмото издание на фестивалот на народни инструменти и песни„ Пеце Атанасовски“, ги разлеа звуците на оригиналната гајда на Атанасовски по цели 25 години. На фестивалот учествуваат сто и шеесет изведувачи, а вечерва продолжува со таканаречената „Вечер на Рудина, во Долнени.
– Гајдата на Пеце ни ја даде семејството Атанасовски за да видиме во каква состојба е, да се „наштелува“ инструментот и да засвириме. И ете по 25 години на фестивалот го разлеав нејзиниот звук и може да кажам одлична е, не загубила од „сјајот“ кога свирела во рацете на мојот ментор, мојот идеолог, пред кого бев успешен млад гајдаџија, во времето кога ретко кој свиреше на гајда. Чувството е посебно, изјави етномузикологот и професор на Музичката академија на Универзитетот„ Гоце Делчев во Штип“ Горанчо Ангелов.
Во двете фестивалски вечери, ова музичко случување вклучува настапи на 320 учесници, пред сè млади луѓе. И оваа година ,,Пеце Атанасовски“ е манифестација помогната од Општина Прилеп.