Во Скопје денеска официјално е отворен Конзулат на Малта, a за почесен конзул на оваа островска држава е именуван Кочо Анѓушев.
Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од македонската Влада.
– Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460.000 население, таа е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување на, пред сѐ, економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта, рече Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на конзулатот.