Првиот продажен салон на четвртиот мобилен оператор во Македонија, Albafone, свечено се отвори денес и се наоѓа во Т. Ц. Сити Галери во Скопје, на вториот кат, додека вториот салон се наоѓа на ул. Џон Кенеди, исто така во Скопје.
За одбележување на почетокот со работа, Albafone во двете продавници подари по 1000 телефонски броеви.
За време на свеченото отворање, извршниот директор на Albafone, Ардиан Р. Хоџа изјави: „Овој сон, кoj не е само мој, туку и на сите албанци, денес стана реалност!“.
Првата понуда на Albafone гласи: со купување на картичка од 250 денари добивате 250 денари кредит, 3 месеци бесплатно во мрежата на Albafone, без никакви ограничувања, како и 73 бесплатни минути со другите оператори. Другите производи и услуги на компанијата ќе пристигнат за кусо време и ќе бидат конкуретни на пазарот, како пакетите за комуникација така и телефоните.
Како дистрибутери на Albafone се ангажирани неколку познати компании во оваа област, со што се овозможува компанијата Albafone да биде поблиску и подостапна до клиентите во целиот регион и континуирано да ја проширува својата мрежа за да обезбеди квалитетна услуга.
Компанијата ќе отвори продажни салони и во: Тетово, Гоствар, Куманово, Струга, Охрид, Дебар, Кичево, Ресен и Битола.