Француските правосудни органи отворија истражна постапка против поранешниот претседател Никола Саркози.
Како што соопшти државното обвинителство во Париз против Саркози постои сомнеж и за корупција. Освен тоа тој се обвинува за недозволено влијание врз судството. Истражен судија рано утринава му ги соопштил овие информации на поранешниот претседател.
Саркози вчера беше повикан на сослушување во полиција поради сомнеж за поткуп на врвен правник, каде што остана 15 часа. Ова е првпат поранешен претседател да биде повикан во полиција на сослушување.