Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворени 46. Мајски оперски вечери

24
By Нова ТВ on May 9, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со звуците на Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и со традиционалниот фестивалски оган кој вечерва го запали првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет свечено беа отворени 46. Мајски оперски вечери.

Пред почетокот на првата претстава од програмата – премиерата  „Боеми“ од Џакомо Пучини, во фоајето на МОБ се обрати премиерот Зоран Заев. Настанот го поврза со Денот на Европа и рече дека како домаќин на гости од повеќе земји од регионот и Европа, фестивалот испраќа силна порака за здружување на различностите.

– Цело е кога има се, а културата го знае најдобро тоа што политиката се обидува да го прави – да зближува, да разбира, да почитува, да негува, да гради мостови на пријателства, на доверба и на иднина. Затоа, мојата порака е: да слушнеме што воспеваат Мајските оперски вечери од Скопје, што не прави достоинствени – тоа е непроценливото богатство на различностите споени во едно. Тоа е нашата заедничка европска иднина, истакна претседателот на Владата прогласувајќи го фестивалот отворен.

Мајските оперски вечери со сите подеми и падови во речиси половина век постоење сепак успеаја, рече Заев, да останат верни на својата базична идеја за космополитизам.  Таа своја одлика Вечерите ја имаат и на годинашното издание зашто во програмата учествуваат уметници од Бугарија, Австрија, Италија, Босна и Херцеговина…

Годинава фестивалот е во знакот на 160 години од раѓањето на Пучини и се одржува  под мотото „Го славиме Пучини“. Операта „Боеми“ се враќа на сцената на МОБ по пауза од 11 години. Режисер на обновената премиера е  Дејан Прошев, диригент Џанлука Мартиненги од Италија. Во улогите се 12 оперски солисти, а настапува хорот и оркестарот на МОБ.

Оваа опера на Пучини во четири чина е по либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоса кое се базира на романот „Животот на боемите“ од Хенри Мургер. Во сижето е трагична љубовна приказна во Париз на крајот на 19 век. Светската премиера на „Боеми“ била во Торино во 1896 година. „Боеми“ во Македонската опера и балет првпат е изведена во 1950-та, а прва изведба на Мајските оперски вечери имала во 1999 година.

В.д директорот на МОБ Ќазим Асотиќ на отворањето рече дека новата премиера „Боеми“ е целосна продукција на МОБ. – Сите перики, костими, декор и реквизити беа изработени во нашите работилници и од наши мајстори, што е огромен успех за нашата куќа, рече Асотиќ.Сценографијата е на Зоран Николовски, костимграф е Марија Пупучевска.

До крајот на месецов на фестивалот ќе бидат изведени уште четири опери – „Тоска“ и „Турандот“ од Пучини,  „Змејот од Босна“ (гостување на повеќе од сто учесници од Националната опера на Босна и Херцеговина) и „Аида“ од Џузепе Верди на затворањето на 31 мај. Ќе има и два гала-концерта – „Балетски бисери“ и „Пучини&Росини“, како и придружна програма со изложби и промоции на книги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.