Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо до политичарите од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“

0
By Marija Todorovska on August 13, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Искрено жалиме што надлежните институции остануваат глуви на нашите добронамерни апели. Доставувањето на предизборен Закон за игри на среќа до пратениците во Собранието, само три дена после распишувањето на локалните избори, ги потврдува нашите грижи, посочуваат од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ во отворено писмо.

Игрите на среќа се омилена предизборна тема преку која одредени етнички партии се обидуваат да освојуваат нови гласови. Уште повеќе што македонските политичари засега се пасивен набљудувач на процесот со кој десет илјади ваши сограѓани ќе останат без работа. Со право си ја поставуваме дилемата дали и вие сметате дека ние сме мафијаши, дека игрите на среќа сеат зло, дека работиме во коцкарски картели, па затоа стравувате да не браните?

Затоа, со ова отворено писмо, ќе се обидеме сликовито да ви објасниме што преживуваат десет илјади вработени со своите семејства чекајќи да се усвои новиот предизборен Закон за игри на среќа, кој повторно содржи и противуставни одредби. Само, за разлика од предизборниот популизам на коалициите ВРЕДИ и Европски Фронт и другите дежурни критичари кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се реални животни драми.

Вака изгледаат сведоштвата на вработените во секторот игри на среќа:

„Се вработувате во компанија на која од владата и е издадена лиценца за приредување игри на среќа. Фирма со странски капитал, бренд познат во светски рамки. Тоа ви влева самодоверба дека сте добиле сигурна работа. Во ова време на економски потреси тоа е реткост. Посетувате платена обука, стекнувате високи професионални вештини. Почнувате да работите, добивате редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени, бидејќи работното време е 24/7. Стекнувате финансиска сигурност. Склучувате брак, ви се раѓаат деца, решавате да подигнете кредит за да купите стан, автомобил, бидејќи сте со стабилни, редовни приходи и сте во можност да ги плаќате ратите.

Се приближуваат локални избори. Владата која издала лиценца за работа, предлага нов закон кој во две фази треба да стави клуч на легалните објекти за игри на среќа. Носители на високи функции велат дека сте општествено зло, ве нарекуваат мафија, картели, објавуваат офанзиви против секторот во кој работите. Како родител на малолетно дете не можете да прифатите дека се води безобзирна црна кампања за гласови во која не се избираат средства да ве оцрнат како криминалци. Почнува да ве фаќа несоница од помислата дека останувате без работа. Нема да можете да ги плаќате кредитните рати, ве обзема страв дека ќе си имате работа со извршители. Немате избор, почнувате да барате контакти во странство за да дознаете какви можности имате да работите таму. Пишувате биографија и ја испраќате. Со работното искуство во игрите на среќа можете веднаш да најдете работа во западните земји, во ЕУ. Со тешко срце почнувате да го подготвувате семејството за иселување од Македонија.“

Почитувани,

Свесни сме дека за два месеци ќе се одржат локални избори и затоа сите политички фактори калкулираат со потенцијалните гласови. Сепак, ниту една политичка битка не може да биде поважна од реалните човечки судбини. Веројатно, заради тоа што со години се води црна кампања против игрите на среќа, стравувате дека секое застанување во наша одбрана можеби ќе ви направи политички зијан. Не е така! Зошто кога се оди на туристички патувања во Лас Вегас, Монако, Лондон, Париз, Берлин, Малме е модерно да се фотографирате во тамошните казина? Зошто во Македонија е ерес да има легални игри на среќа?

Застанете во наша одбрана, не дозволувајте да не избркаат од Македонија! Како што тргнала работава, на крај ќе нема кој да гласа на избори!

Игри на среќа овторено писмо сакам да работам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.