Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено првото „Роса школо“ за обуки за успешно родителство

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во поликлиниката „Јане Сандански“ денеска официјално е отворено првото „Роса школо“ за родителство каде ќе работи обучен и стручен тим составен од педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра кои ќе вршат обуки за успешно родителство во текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето.

Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на три простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.

Проектот е партнерски на Пивара Скопје и Министерството за здравство, а денеска беше најавено отворање и на уште две Роса школи за родителство до крајот на годината, и тоа во Општата болница во Гостивар и во Клиничката болница во Битола.

Овие Роса школи се наменети за сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства, со цел да се охрабрат за одговорно и успешно родителство, но и за да се едуцираат како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги.

„Верувам дека преку овие Роса школи за родителство ќе успееме да направиме чекор напред кон подобрување на добросостојбата на сите идни родители, но и на здравството воопшто, како еден од најзначајните сегменти во општеството. Наша искрена цел е овој проект да премине во долгорочен и да продолжи да живее и во наредните години, со цел да им овозможиме на поголемиот број граѓани ширум Македонија да имаат современ и модерен пристап кон спокојно родителство“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потенцираа важноста од ваков тип школи за родителство, како исклучително функционален и ефикасен облик на групни здравствено-воспитни работилници.

„Искрено, драго ми е што Пивара Скопје вистински ја покажува својата општествено-одговорна практика и во здравството, особено што допираме до родителството, како исклучително значајна категорија. Во овој проект влегуваме партнерски, со тоа што ние, како Министерството за здравство, ќе ги обезбедиме експертската помош и стручниот кадар од лекари специјалисти што ќе работат во сите три школи, со што сметам дека заедно ќе успееме да одговориме на сите можни прашања поврзани со родителството и ќе успееме да направиме позитивна разлика за општеството“, изјави доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Директорот на Здравствен дом, Злате Мехмедовиќ упати апел до сите заинтересирани да се пријавуваат на  предвидените обуки кои како што рече, носат големи бенефити за родителството.

„Во Роса школото за родителство ќе работи обучен и стручен тим составен од педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра, кои преку многубројни работилници, организирани во 5 тематски целини, ќе обучуваат за успешно родителство, за текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето. Истовремено, би сакал да упатам и апел до сите заинтересирани да се пријавуваат во оваа поликлиника, бидејќи предвидените обуки навистина носат големи бенефити за родителството“, рече Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом ‒ Скопје.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.