Бесим Небиу: Колку што разбирам, за бугарски пасош е потребна изјава за бугарско чувство и идентитет. Околу 15-20% од етничките Македонци дале таква изјава. Не е битно што навистина чувствуваат, еднаш се живее и ако сопствената држава не ти ги решава проблемите – луѓето ќе си се ‘снаоѓаат’!
Индиректно, преку кочењето на ЕУ интеграциите се поттикнуваат се поголем број етнички Македонци да го изберат овој пат за сопствено интегрирање во ЕУ.
Наскоро, кога Албанија ќе влезе во ЕУ за 4 или 5 години мислам дека и Албанците масовно ќе вадат албански пасоши.
Така ќе добиеме земја вон ЕУ со население кое влегло во ЕУ, но не преку својата држава туку со пасоши од соседните земји.
Ова секако не е добра политика.
Извор: Фејсбук