Рускиот претседател Владимир Путин повторно стана главна тема на социјалните мрежи откако направи уште една „грешка“. Имено, рускиот претседател преку видео врска зборуваше за самитот на БРИКС во Јоханесбург, Јужна Африка.
Путин не отиде на самитот поради налогот за апсење издаден по него од Меѓународниот кривичен суд во март и затоа се обрати пред присутните костистејќи ја технологијата. Она што на сите им го привлееч вниманието беше неговото гледање во часовсникот.
Имено, на видеото се гледа како Путин ја крева левата рака, како кога автоматски сакаме да погледнеме во часовникот. Потоа брзо ја спушта раката и гледа во хартиите. На видеото се гледа дека часовникот му е на десната рака. Иако не е сигурно зошто го направил тоа, има многу мислења дека тоа всушност воопшто не бил тој, туку неговиот двојник.
– Двојникот на Путин сето ова време заврши одлична работа, но згреши кога сакаше да погледне во часовникот, вистинскиот Путин обично го носи часовникот на десната рака – пишуваат корисниците на „X“, поранешен Твитер.
Ова не првпат луѓето да се посомневаат дека Путин користи двојник. Наводно, во март Путин го испратил својот двојник во украинскиот град Мариупол, а тогаш го „издале“ – ушите.