Зоран Иванов
Мицкоски: Нема да дозволиме повторно македонскиот идентитет да биде предмет на политички пазарења!
Граѓание: Каде тоа гледате загрозен македонски идентитет кој е “предмет” на пазарење?
Па, ајде посочете! Ајде дефинирајте!!
Патем, ова “граѓаните”, е само новинарско „алиби“.
Но, навистина, кого тоа заеб.ваат премиерот и ДПМНЕ?
Еднаш, малку пред изборите некаде напишав дека човекот никогаш нема да биде премиер.
Ми реприцираа некои, верувам, не негови лични туку негови партиски фанови, дека сум ја утнал.
Навидум, ама само привидно, беа во право.
Човекот стана премиер и …
Па, дали сум ја утнал?
Нека е и себично. Иднината, убеден сум, многу блиску, многу бргу, ќе го потврди спротивното.
Во овие нови САД- ЕУ околности, не е можно во истовреме да сте и САД и ЕУ.
Неможно е.
Не карактерно е. Фолирантско е.
Наликува како некогаш она историското „за Сталин или за Тито“.
Сега пак, демек, за САД со Трамп или за оваа ЕУ?
А пуста ЕУ. Загубена и фолирантка како секогаш.
Ама пак плурална, вредносна, цивилизациска.
ЕУ демократска, правна и недостижна во однос на традиционалната арогантна, насилна и примитивна “каубојска” САД политика.
Па, оттука, актуелна Македонија со ДПМНЕ, внимтелтно.
Внимателно каде и со кого тоа перспективни не` врзувате.
Внимателно зашто ако како ВМРО ептен сте ја утнале ‘41-ва, немојте сега пак и во оваа 2025-та.
Но ако народот македонски ви вика „туркајте“, тогаш, тогаш – Господ.