Пациент скокнал од амбулантата на интернистичкиот Ургентен центар и паднал во каналот кој се наоѓа под прозорецот, дознава НОВА од лекарски извори. Пациентот бил пренесен во кома центар, каде што ја поминал ноќта и повторно е вратен во Ургентен, на Клиниката за токсикологија. Човекот бил во алкохолизирана состојба, социјален случај.
Зголемен број на интервенции имало синоќа во овој Ургентен центар и тоа најмногу заради топлото време. На Клиниката е хоспитализиран и бегалец од Сирија, кој преживеал топлотен удар.
„Најмногу интервенции има заради горештината, особено колабираат луѓето кои што постат. Пациентот кој што скокна од прозорец бил во алкохолизирана состојба е повторно сместен кај нас “, изјави за НОВА Нестор Поповски директор на Клиниката за токсикологија, каде што е сместен и Ургентниот центар.
Енормно голем број на пациенти имало синоќа во Ургентниот центар на Хируршките клиники. Таму медицинскиот тим не можел да пристигне од работа. Дури 105 интервенции се регистрирани синоќа во овој Ургентен центар.
На Хируршките клиники велат дека дел од нив биле повредени во сообраќајни незгоди, дел биле тепачки или од други повреди. Немаат објаснување која е причината за толку голем број на интервенции.