Пациент со симптоми слични на заразените од ебола е примен во текот на минатата ноќ во здравствениот центар во приштинската населба Дарданија
Присуството на вирусот ебола не е потврден , а лекарите изјавиле дека се потребни неопходни анализи за да се утврди вистинската дијагноза кај пациентот.
Но лекарите изјавиле дека симптомите биле идентични за ебола.
Приштинските медиуми објавија дека пациентот можел да дојде во контакт со вирусот на ебола во текот на престојот на аџилак.