Две лица загинаа при пад на спортски авион во близина на Нови Сад, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации, во авионот летал бизнисмен Томислав Ѓорѓевиќ,а идентитетот на неговиот придружник се уште не е познат.
Авионот од уште непознати причини во 13:20 часот, се урна во поле со пченка во близина на Бачка Јарка. Станува збор за нов авин “SkyLeader 600″, кој и припаѓа на компанијата DTD рибарство, чии Ѓорѓевиќ е сопственик.
Противпожарните единици за спасување од Нови Сад за десет минути целосно го изгаснаа пожарот на авионот.За гасење на пожар биле ангажирани четири возила и десет пожарникари, така што по брза интервенција на полицијата би можела да започне истрага.