Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паѓа цената на лековите со заштедата ќе се менува позитивната листа

0
By Менче Атанасова Точи on March 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 1 ви април се намалуваат цените на 336 генерички и 226 оригинаторни, односно иновативни лекови,  најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Според, Филипче намалувањето на максималните цени ќе доведе  до намалување на големопродажните и малопродажните цени на лековите, а вкупната заштеда на годишно ниво ќе биде над 2 милиони евра.

Министерот изјави дека цените се намалуваат од 40 до 50 отсто, а со ова намалување се опфатени сите групи на лекови од постоечката позитивна листа.

„Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра  или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинаторните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра“, изјави Филипче.

На прашање на НОВА зошто  Владата ги намалува цените на лековите наместо прво да ја смени прошири позитивната листа на лекови, Филипче со одговор дека со дел од заштедата од намалувањето ќе обезбедат буџет со кој понатаму ќе ја прошират позитивната листа на лекови.

„ Со намалувањето на цената ќе обезбедиме поевтини лекови, а потоа со заштедата ќе можеме да ја прошириме позитивната листа на лекови. Проширувањето на позитивната листа не бара само поголема сума на пари туку и фармако-економски анализи за нови лекови кои што сакаме да ги ставиме во оваа листа, бара смена на методологијата бидејќи сега за да се состанат треба да се соберат 14 комисии од која секоја има по 17 члена. Тоа е практично невозможна мисија. Тоа што сега го правиме и го менуваме е во начинот на кој ќе се состави една комисија која што треба да биде оперативна. Значи од некаде мора да тргнеме“, изјави министерот Филипче.

Тој најави дека листата на лекови на кои им е намалена цената ќе бидат јавно објавени на 1 ви април.

Што се однесува до проблемот со лековите на рецепт кои ги има само во првата половина од месецот, Филипче рече дека со ФЗОМ бараат начин да го сменат начинот на плаќање на аптеките и дека е сигурен дека во скоро време ова нема да се случува. Во меѓувреме ФЗОМ има преодно решение со зголемување на квотите, а во скоро време ќе најдеме трајно решение како да се реши овој проблем, рече Филипче.

„

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.