Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паѓа системот за екстерно оценување

0
By on May 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во скопското основно училиште „Владо Тасевски“ денеска воопшто не се одржа екстерното оценување. Според професорите со кои разговораше НОВА, во ова училиште прво се доцнело, а потоа е сосема одложено, затоа што паднала софтверската програма со тестовите. Наставниците, родителите и учениците не се информирани кога ќе се одржи тестирањето во ова училиште.

Од утринава има информации дека и покрај најавите дека екстерното тестирање теба да се спроведе истовремено во сите основни и средни училишта, имало доцнење, не функционирал софтверот со прашањата од тестовите и други неправилности.

За доцнења информираат во гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“, скопските основни училишта „Љубен Лапе“, „Лазо Трпевски“, додека во училиште во светиниколско, на учениците и наставниците им било кажано дека тестирањето ќе се одржува во 16 часот попладнево.

Во анкетата на НОВА, учениците реагираат дека имале прашања кои не биле опфатени со наставната програма, дека имале само 5 училници опремени со компјутери.

Според Министерот за образование, во одделни училишта се појавиле само мали технички проблеми кои ги решава тим од триесетина експерти во специјален кол центар во Министерството.

Резултатите од екстерното тестирање ги собира и проверува Државниот испитен центар, чија директорка Емилија Угриновска изјави дека онаму каде ученикот нема да има оправдано отсуство ќе има казни, една од нив е тоа што нема да добие свидетелство

Според планот на Министерството за образование, полагаат 200.000 основци и средношколци по два предмета, а опфатени се околу 15.000 наставници.

За 60 минути учениците треба да одговорат на 30 прашања. Учениците кои од оправдани причини нема да присуствуваат на екстеното тестирање од 27.05-10.06, ќе имаат можат да полагаат есктени тестови во наредните две сесии од 17 до 21 јуни или од 15 до 21 август.

Оценките кои ќе ги добие ученикот од двата предмета ќе бидат впишани во сведителството и ќе влијаат на вкупниот успех. Во сведителството ќе стојат и оценките кои ученикот ги добил по тие предмети и од наставникот.

Инаку, минатата недела во повеќе градови во државата учениците и родителите протестираа против екстерното оценување, имаше и инциденти и обиди за политизирање на протестите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.