Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пајо Паторот наполни 80 години

0
By Нова ТВ on June 10, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Тој е препознатлив по сината морнарската маичка со бели пруги и вратоврската пеперутка, по неговата несмасност, мрзливост и изблици на лутина – најпознатиот патор на светот – Пајо Паторот полни 80 години.

Дојче веле се освернува на овој лик од цртаните филмови со кои израснаа многу генерации.

Сина морнарска маичка со бели пруги, црна вратоврска пеперутка и долг клун – така изгледаше Пајо Паторот на неговиот прв настап. Тој имаше само споредна улога во цртаниот филм во должина од седум минути „Паметното мало пиле“ кој беше емитуван за првпат на 9. јуни 1934 година. Пајо Паторот беше лукав, мрзлив, постојано се лутеше, но за кратко време со својата споредна улога стана ѕведа на медиумскиот концерн „Волт Дизни“.
Публиката можеше да се идентификува со паторот. Пајо Паторот беше спротивен лик на Мики Маус, кој беше пријателски настроен и постојано подготвен за помош.

Пајо Паторот, напротив, се бореше за Пата – неговата обожувана патка со розова панделка на главата и против неговите внуци Рајо, Гајо и Влајо. Но, пред се‘, Пајо Паторот се бореше против себе, против своето ноторно лошо расположение и лутината.
Неговиот легендарен цртач Карл Баркс за Пајо Паторот еднаш рече: „Јас не му го препишав нерасположението. Него го имаше уште кога го видов првпат, тој веќе имаше една година, кога јас се приклучив кон Дизни. Мене ми беше сервирана оваа лошо расположена кукавица и тоа беше мојот материјал“.

Баркс од неа формираше една од најпознатите цртани фугури во светот и измисли нови карактери за универзумот на паторот – Патковград, или на пример – стрико Бајо, внуците, но и противничката банда. Најголемиот успех меѓутоа го имаше несреќниот патор, кој честопати не можеше да се разбере што зборува. Но, за тоа е одговорен Клеренс Неш, кој со години му го позајмуваше на Пајо Паторот својот смешен пискав глас.
Пајо Паторот држи некои рекорди: Тој има ѕвезда на патеката на славните во Холивуд и ниту една друга фигура од „Волт Дизни“ не се појавува почесто во филмовите отолку славниот патор.

Извор: Дојче веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.