Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палчо беше отстранет од судницата за сведочењето на Кекишев поради сомнение дека влијае врз вистинитоста на неговата изјава

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Претходно, по барање на адвокатот Игор Ефремов, бранител на Кешишев, судот донесе решение обвинетиот Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата. Барањето беше образложено со сомневање дека присуството на Палевски би можело да влијае врз вистинитоста на исказот на Кешишев. Како доказ беше наведен случајот со изјавата која во ноември лани Кешишев ја достави до судот, во која наведува дека Палевски нема врска со случајот, а потоа ја негираше со образложение дека бил приморан од Палевски да ја напише.

Бараме обвинетиот Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата поради околности кои укажуваат дека обвинетиот Кешишев во негово присуство нема да ја зборува вистината, односно, како во текот на постапката, со доставувањето на изјава од страна на обвинетиот на 20.11.2024 година, а која потоа ја негираше на расправата на 25.11.2024 во која изјава од страна на обвинетиот Љупчо Палевски му била дадена да ја препише, потпише и достави како своја. Сметам дека со ова е извршено влијание врз давањето на исказ на обвинетиот Кешишев, па оттука сметам дека е оправдан стравот на одбраната да истиот нема да ја зборува вистината, рече адвокатот Ефремов.

Одбраната на Палевски се спротивстави на барањето, посочувајќи дека ваквото отстранување е непотребно и дека се изнесуваат невистини без соодветни докази.

Нема потреба од вакви драми и сцени, истиот може да ја зборува вистината, доколку ја знае и е искрен да си ја каже, а на Љупчо Палевски, мислам дека спротивно би му било оневозможено да го следи неговиот исказ и да поставува прашања, едно е јас како бранител што ќе го следам неговиот исказ, а друго е Љупчо Палевски самиот да фаќа прибелешка и да поставува прашања на обвинетиот Влатко Кешишев, рече адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Палевски.

Палевски дополни дека смета дека адвокатот Ефремов изнесува невистини.

Сметам дека бранителот на обвинетиот Кешишев се служи со невистини, изнесува факти кои не постојат, заборави да приложи пишана изјава од мене која сум го терал Влатко Кешишев да ја потпише, ова е втор пат да изнесува лаги без притоа да приложи каков било доказ, дека јас сум давал писма, изјави да се препишат во име на обвинетиот Кешишев. Затоа го молам судот да бидам присутен затоа што на претходните испитувања не добив ниту еден укор од судот дека сум прекинувал или влијаел на исказите. Може и со грб да биде свртен, мене ми е важно да слушнам што ќе изјави обвинетиот Кешишев, рече Палевски.

Судот одлучи дека постојат околности кои го оправдуваат ова решение, особено со согласноста на обвинетиот Кешишев за предложеното отстранување.

Судот донесе решение дека Палевски се оддалечува од судницата бидејќи постојат околности дека во негово присуство нема да ја зборува вистината, рече судијата Ивица Стефановски.

Откако Палевски беше отстранет од судницата, неговиот адвокат побара да биде прекината постапката и да се повика вешто лице да ја утврди здравствената состојба на Кешишев. Судот го одби овој предлог и судењето продолжи со сослушување на обвинетиот Кешишев.

На минатото рочиште  беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој ги негираше исказите дадени од Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче.

Претходно, беше сослушан и обвинетиот Велибор Манев кој во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил обвинетиот Љупчо Палевски.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Вања Ѓорчевска кекишев Палчо Панче Жежовски рочиште сослушување Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.