Комисијата која ја испитува смртта на долгогодишниот палестински лидер ги добила резултатите од швајцарската лабораторија која испитуваше примероци неговите посмртни останки.
Официјалните резултати ќе бидат соопштени, откако прво добро ќе се разгледаат доставените резултати изјавил официјалниот преставник Tawfik Tirawi.
Арафат почина во 2004 година, но причината за неговата смрт никогаш не беше утврдена пишува Асошиетед Прес.
Многу палестински граѓани веруваат дека Израел го има отруено Арафат, но оваа земја ги отфрла обвинувањата.
Минатата година швајцарската лабораторија, нашла честички од смртоносниот радиоактивен изотоп полониј 210, на облеката која ја дала неговата сопруга на испитување.
Подоцна со есхумација од гробницата , се земени примероци од неговото тело , но експертите предупредуваат дека овој изотоп се распаѓа и дека поминало многу време за резултатите да бидат прецизни и точни.