Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО

0
By Marija Todorovska on January 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање.

Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека причините и доказите се содржани во двата обвинителниот акти кои се споени во една судска постапка, но и за лажно сведочење на сведок, докази кои, како што рече, ги приложува со барањето за изземање.

Исто така, приложено е вештачење на телефон, базни станици и докази од вашата обвинителка. Сите овие докази се изготвени по наредба на надлежната јавна обвинителка Јосифовска, која иако ги знаеле доказите без да ги вештачи телефоните на сведокот. Криење на оружје 421 истражен ден, нерасчистивање на таа важна околност дали обвинетиот или обвинетите поседуваат оружје е најсериозно кривично дело што еден ЈО може да го направи, изјави Палевски.

Јавната обвинителката, нагласи Палевски, во листата на докази заборавила да ја стави и чаурата пронајдена и вештачена на местото Рудник, посочувајќи дека тој како обвинет ја приложува како доказ таа чаура.

Доставувам и доказ.  Сообвинетиот Боро Видевски поседува пиштол зборевка со дозвола и ловна пушка мозберг. Второ, криминалистичката пракса покажува дека вакви злосторства се вршат со оружје купено на црн пазар, но тоа требало да го разоткрие обвинителката, а на вас да одговори зошто не го сторила. При претрес во неговиот дом, пиштолот не евидентиран и не постои. Зошто јавната обвинителка не го зела тоа во предвид е само уште еден доказ за намерата на креирање на обвинение без докази. За обвинетиот Боро Видевски нема потврда за привремено одземени предмети од СВР Велес и во списите од Обвинителството не постои, изјави Палевски.

Сите докази, нагласи Палевски не се наоѓаат во новиот систем на МВР, туку во стариот Хост.

Се уште постојат правдољубиви лица во МВР и вакви сериозни пропусти и докази за лоша истрага и ги доставија до одбраната. Сето ова е доказ за лошата истрага на вашата обвинителка, кажаизјави Палевски.

Според него, прашања на кои обвинителка мора да одговори, се каде е пиштолот сопственост на еден од обвинетите, зошто 421 ден ЈО не го расчистија овој факт и зошто чаурата не ја приложила како доказ.

Целата лоша слика за ЈО е поради спроведување на вакви политички наредби и истраги. Затоа нека остане трага дека е докажано кривично дело на јавен обвинител во истрага, изјави Палевски.

Обвинителството, пред денешното рочиште најави дека ќе продолжи со изведување на материјални докази, и по завршување со тоа ќе биде испитан сведокот Гоце Трајковски.

Жаклина Крстевска МВР обвинителка ОЈО Палевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.