Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчевски на слобода, Врховниот суд пресуди во корист на одбраната на поранешниот судија

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд кој на почетокот на месецов замина на издржување на затворска казна, откако беше осуден за злоупотреба на службената положба и овластувања само што излезе од затворот во Шуто Оризари.

Претходно, за Нова ТВ Филип Андов, директорот на затворот потврди дека до пладне поранешниот судија ќе го напушти затворот затоа што Врховниот суд ја укина пресудата на апелациските судии кои сториле повреда на правото на одбрана на Панчевски и овој судски предмет сега треба да се врати на повторно одлучување пред Апелацискиот суд.

Панчевски беше осуден на затворска казна од 3, 5 години поради, како што пресуди велешкиот суд, злоупотреби со електронскиот систем (АКМИС) според кој се распоредуваат судските предмети кај судиите. Пресудата од трииполгодишната казна за Панчевски подоцна Апелација ја намали на две и пол години која тој почна да ја издржува, но во меѓувреме Врховниот суд донесе пресуда со која го уважи Барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда со која беше осуден поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд.

Со оваа пресуда на Врховниот суд се укинува пресудата на Апелациониот суд, а Панчевски треба да излезе на слобода. Во случајов е направена повреда на Европската конвенција за човекови права. Врховниот суд посочува дека согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права, принципот на правично судење подразбира на секоја од странките да и се даде разумна можност да го претстави својот случај под услови кои нема да ја стават во позиција на суштинска понеповолност vis-а-vis спротивната страна.

Во тој контекст, Врховниот суд насочува дека Апелацискиот суд треба да одржи седница на која уредно ќе бидат повикани и јавниот обвинител, така и обвинетиот Панчевски со одбраната за да можат да ги изнесат нивните ставови, но и да направат непосредна оценка на доказите, што не било случај при претходното одлучување на апелациските судии.

Обвинетиот Владимир Панчевски во својот исказ во завршниот збор на крајот од судскиот процес   дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.

Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

АКМИС судија панчевски Филип Андов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.