НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандемијата рекордно ја зголеми побарувачката на канабис, легализацијата носи здравје

0
By Нова ТВ on December 20, 2020 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од година во година се поголем е бројот на држави кои објавуваат закони со кои се регулира одгледувањето, продажбата и конзумирањето марихуана. Северна Македонија не е исклучок од трендот заоа што прва во регионот го легализираше канабисот за употреба во медицински цели, преку производство на масло. Оттогаш започна и издавањето лиценци од страна на државата за оние кои можат да инвестираат во производство на марихуана, за потоа сувиот цвет да го продаваат на фармаколошките компании за производство на масло. Сега маслото од канабис е достапно во аптеките и може да се купи без лекарски рецепт, а информациите од фармако- индустријата потврдуваат дека интересот за маслото е во постојан пораст, а следствено на тоа се зголемува и обемот на производство на канабис низ македонските ниви што подразбира зголемен интерес за издавање лиценци за производство.

Светот полека се запознава со лековитите дејства на канабисот, кои произлегуваат од неговиот состав. Научниците последните години го имаат истражено канабисот до последен лист, па познато е дека тој содржи канабиониди кои делуваат на ендоканабионидниот систем ставајќи го организмот во рамнотежа, или познато како хомеостаза. Тие делуваат на системот со рецептори и така регулираат низа функции. Маслото од канабис има есенцијални киселини како омега 3 и омега 6, минерали и витамини, влакна и други состојки кои се исклучиво неопходни за човечкото здравје. Сега, откако науката застана на страната на канабисот и неговите медицински дејства, на државите им е полесно да пристапуваат кон легализција.

АРГЕНТИНА ОДЛУЧИ КАНАБИСОТ ДА БИДЕ БЕСПЛАТЕН ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Пред неколку дена стигна позитивна вест од Аргентина, таму сега е дозволено и самостојно одгледување на марихуана на пациентите на кои им е неопходна од здравствени причини. Ако не можат сами да ја одгледаат, тогаш тоа за нив може да го стори некој од поширокото семејство или одреден пријател, но секој што ќе посади во домашни услови мора да се пријави во владиниот овластен регистар. Аргентина оди и чекор понатаму во либерализацијата, односно достапноста на лековите од канабис, па затоа маслата и другите лековити продукти од канабис стануваат бесплатни преку јавниот здравствен систем на државата, дури и за пациентите кои немаат здравствено осигурување.

Либерализацијата на марихуаната, нејзиното производство, медицинската, но и рекреативната употреба, како и пристапот на се поголемиот број држави во светот кон ова прашање е потврда само на едно- дека светот, односно медицината станала свесна за лековитите дејства на канабисот. Канабисот, особено во изминатата деценија не е табу тема, туку тема во прогрес од која полза извлекуваат и производителите, и фармацијата, но и пациентите и крајните корисници. Секако и државата како регулатор на целиот бизнис и издавач на лиценци. Иако постоеја многумина скептици, па и на македонско тло, дека канабисот еден ден ќе ги урне сите бариери и ќе стане составен и важен дел од медицината, сепак нивните неверувања се одамна надминати. Веќе светот зборува за легализација, за декриминализација, за лекување, за напредок на медицината за лекување со природни билки.

НАУКАТА ПОТВРДИЛА ДЕКА КАНАБИСОТ ИМА ШИРОК СПЕКТАР НА ДЕЛОТВОРНОСТ

Што е она што може да го излекува, или да ги намали симптомите или да го олесни процесот во надминување на некоја болест? Прво и основно, она што го нагласуваат застапниците на тезата дека канабисот е лек, од марихуната практично никој никогаш не може да се предозира, каков што е примерот со алкохол или со хемиска дрога. Првите лековите дејства и биле откриени околу 3 000 години пред новата ера, а ја користеле во Кина, Грција, Египет. Истражувањата кои се спроведени во изминатата деценија недвосмислено го потврдуваат делотворното влијание на канабисот. Тој ги ублажува болките и ги смирува воспаленијата од реума. Научно е докажано дека канабисот ги намалува симптомите на мултиплекс склероза, но ги намалува болките и треперењето предизвикани од Паркинсовата болест. Уште пред 50 години, во 1970 година, научно истражување открило дека марихуаната го намалува очниот притисок за околу 25 проценти.

Иако се смета дека застапниците за легализација секогаш ќе ги набројуваат само позитивните страни на канабисот, а противниците секогаш ќе ги повторуваат негативните ефекти, сепак на крајот и двете гледишта, а пред се помогнати од науката, ќе се согласат дека позитивните здравствени ефекти на канабисот се далеку во предност од негативните. На пример, верувањето дека марихуаната ја намалува функцијата на градите одмна е напуштено, сега се смета дека напротив таа ја подобрува функцијата на белите дробови, секако ако се конзумира во нормални и контролирани количини. Понатаму, марихуаната може да ги спречи или да ги намали нападите од епилепсија. За ова Универзитетот во Вирџинија уште во 2003 година објави научно истражување кое потврди дека канабисот делува на мозочните ќелии за опуштање, па така и ги попречува нападите.

Студијата на институтот Scripps Research во 2006 година потврдува дека канабисот го спречува таложењето на амилоидни наслаги на мозокот кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест. California Pacific Medical Center објави истражување со веродостојни резултати дека канабисот спречува рак на дојка кај жените. Студијата на Нотингемскиот универзитет потврдила дека се намалуваат воспаленијата кај цревата на човекот, а друга студија, на American Journal Of Medicine, дека корисниците на марихуана имаат подобар метаболизам во организмот, особено при конзумирањето шеќери.

Иако порано се тврдело дека употребата на марихуаната предизвикува шизофренија, сепак новите истражуавања го демантирале тоа, а во прилог на фактите се нуди американската статистика, дека откако е легализирана марихуаната низ повеќе држави воопшто не пораснал бројот на пациенти со шизофренија, туку напротив нивниот број е се помал. И за крај во овој дел со студиите за канабис, да напоменеме она што е познато, и против кое веќе никој не се ни обидува да застане, а тоа е лековитото дејство на канабисот против канцер, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза, анорексија, голем број воспаленија.

КАНАБИСОТ ОПУШТАЛ МНОГУМИНА ВО ПАНДЕМИЈАТА

„Канабисот е важен исто колку млекото и лебот? Звучи како шега, но рака на срце, во време на корона вирус канабисот е вистински благослов.“- со оваа реченица започнува еден новинарски напис на Дојче Веле посветен на рекордната побарувачка на марихуана низ целиот свет со што е нарушена рамнотежата на пазарот, односно дека производството не може да ги следи фармацијата и конзументите.

На пример, во САД за време на пандемијата, во оние држави каде постои целосна легализација, шоповите за канабис останаа отворени и покрај забраните за работа на угостителските објекти. Имаше периоди кога единствено им се дозволуваше работа на аптеки, маркети и канабис шопови. Аналитичарот Стефан Марфи од САД изјавува дека тоа е потврда дека канабис културата е вкоренета во американското, но и во другите општества низ светот. Тој предлага канабисот да се стави во категорија на примарни човекови добра. Инаку, Марфи има своја компанија која работи во Лондон, Барселона и Даблин. Тие го истражуваат пазарот со канабис, подготвуваат стратегии за земјоделието, изработуваат студии за науката и политиката.

Ковид пандемијата ги има размрдано двата пазара, и оној со производство на медицинско масло, затоа што се поголем број пациенти му веруваат и започнуваат да го користат за подобрување на здравствената состојба, но и оној со продажбата за рекреативна употреба на марихуаната, па се нагласува дека голем број шопови за канабис морале да се адаптираат согласно производството и дека не можеле во секое време да ги имаат сите сорти канабис од менито. Како и да е, ако податоците говорат дека во време на пандемијата потрошувачката на канабис бележи рекорди, тогаш само се потврдува смирувачкото дејство на лекот и неговото влијание врз човечкиот организам за постигнување рамнотежа.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПИОНЕР ВО РЕГИОНОТ ВО ОБИД ДА ФАТИ СВЕТСКИ ПАЗАРИ

Индустријата со канабис е нова, а тоа подразбира дека се неопходни пари, пред се за инвестиции во фабрики, опрема и кадар. Потоа, на канабисот и понатаму му требаат лобисти од висок ранг за да успее лековитата билка да го добие заслуженото место во медицината. Македонија беше 14-та држава во Европа која го легализираше канабисот во медицински цели. Потоа државата издаде лиценци за производство под одредени услови и строга контрола. Произведувачите им продаваат на фармаколозите од канабисот, а тие произведуваат масло кое го има во малопродажба. Идејата на премиерот Зоран Заев е да се интензивира производството на канабис тргнувајќи токму од изнесените факти, дека канабисот стана општо прифатен лек, дека бизнисот е нов, дека му се неопходни инвестиции, но дека забрзано го освојува светот. Сето тоа значи здравје и профит. Северна Македонија ја има шансата, како промотор на легализацијата да биде првата држава во регионот која ќе може да извезува мадицинско масло од канабис, но и сув цвет од плантажите на лиценцираните фирми. Само од сувиот цвет се проценува дека во државната каса годишно ќе се влеваат по 250 милиони евра.

Дополнително, сувиот цвет се планира да се најде на менито од кафе баровите кои ќе си платат лиценца за да можат да го продаваат за рекреативна употреба. И тоа би донело десетици милиони евра во буџетот. Ова е последната идеја на Заев, дека државата може многу повеќе да заработува од сувиот цвет на канабисот ако се извезува надвор, а дома се легализира во одредени градови и туристички места за индивидуална употреба, пред се со фокус на туризмот. Ако голем број напредни европски држави, ако САД, Канада и уште многу други поразвиени земји го практикуваат канабисот како лек и како заработка, тогаш зошто Северна Македонија да не ја искористи предноста што ја има во моментов пред другите држави од опкружувањето и не стане лидер во медицинско- профитерскиот бизнис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.