Поранешниот поглавар на Римокатоличката црква, Бенедикт, ги отфрли наводите на италијанскиот „Либеро“ како „апсурдни“, кој информираше дека тој бил присилен да се повлече од функцијата поради скандалите кои фрлија сенка врз Ватикан.
Според законот на Црквата, оставката на папата е валидна само доколку ја донесе со целосна слобода и без притисок.
„Нема сомнеж околу мојата оставка“, изјави Бенедикт за италијанскиот портал „Ватикан Инсајдер“.
Тој се повлече од функцијата Папа, официјално на 28.февруари 2013 година, со што стана првиот папа во 600 години кој го направил тоа. Две недели потоа, Францис беше избран за прв папа по 1.300 години кој не потекнува од Европа.
Образложението на Бенедикт беше дека повеќе ја немал физичката и духовната моќ за да управува со Црквата во која членуваат 1.2 милијарди луѓе.
Во 2012 година, батлерот на Бенедикт беше упасен поради оддавање на чувствителни документи за наводна корупција и нерегуларности во финансиското работење на Ватикан.