Папата Францис упати апел за мир
Папата Францис во своето прво Велигденско обраќање од балконот на Црквата Свети Петар во Ватикан пред 250 илјади насобрани верници упати апел за мир во светот.
Папата ги повика Израелците и Палестинците да се помират, Сириците да стават крај на меѓусебното убивање и да најдат полтичко решение за кризата.
Во обраќањето Папата Францис се осврна и на состојбата на Кореја повикуваќи ги двете страни да го надминат проблемот со политички средства.
“Пораката на Велигден е дека вербата може да помогне да ги промениме нашите животи” рече Папата Францис во своето прво Велигденско обраќање.