Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата Франциско е примен во болница

0
By Соња Крамарска on March 30, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ватикан соопшти дека папата Франциско (86) бил примен во болница во Рим на однапред закажани медицински прегледи, без да даде дополнителни детали.

„Светиот Отец од попладнево е во болницата Џемели на некои однапред планирани прегледи“, напиша во соопштението портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Неколку часа подоцна, Ватикан објави дека на папата Франциско му била дијагностицирана респираторна инфекција и дека ќе му треба „неколку дена соодветно болничко лекување“.

Папата, кој претходно овој месец одбележа 10 години како поглавар на Католичката црква, претходно се појави расположен на својата неделна аудиенција во Ватикан, насмеан додека ги поздравуваше верниците од својот „папамобил“.

Сепак, тој бил забележан како прави гримаси од болка додека му помагале да влезе во возилото.

Папата Франциско страда од хронична болка во коленото, која во последните месеци го принуди да користи инвалидска количка, пренесе Франс прес.

Џемели е истата болница во која на папата му беше извршена операција на дебелото црево во јули 2021 година, откако страдаше од еден вид дивертикулитис – воспаление на слузницата на цревата. Во болница остана 10 дена. Една година подоцна, во јули 2022 година, тој призна дека сè уште ги чувствува последиците од шест часа поминати под анестезија за време на операцијата.

 

болница Ватикан папата Франциско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.