Сосема неочекувано Папата ќе си поднесе оставка кон крајот на овој месец, известува BBC.
28 февруари е денот кога Бенедикт Шеснаесетти ја напушти функцијата.
Според неговото објаснување, кое го пренесува италијанската агенција АНСА, тој дури сега сфатил колку му е тешко да ја обавува оваа фукција.
„Мора да веруваме во божјата милост, сите сме грешници но божјата милост сите не препородува“, напиша Папата на својот Твитер профил.
За првпат по 600 години еден папа на ваков начин се повлекува од Ватикан.
85-годишниот Бенедикт Шеснаесетти стана папа во април 2005 година по смртта на папата Јован Павле Втори.