Решението од политичката криза е се уште неизвесно. Како што дознава НОВА на преговарачката маса сега копјата се кршат околу тоа дали предвремени парламентарни избори би се одржале на 13 септември како што сака СДСМ или во 2014 заедно со претседателските избори како што предлага ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку се постигне согласност за предвремени парламентарни избори за 13 септеври, СДСМ би се согласил за формирањето на независната ескпертска комисија и би се вратил во Собранието за да се имплеметираат препораките на ОБСЕ и ОДХР.
Локалните избори во овој случај би се одржале подоцна од закажаниот термин во март, односно се додека независната комисија не ги утври фатките за инцидетот од 24 демекври и не се имплематираат препораките на ОБСЕ и ОДХР.
Според информациите на НОВА, ВМРО-ДПМНЕ засега ја одбива опцијата за договор предвремените парламенрни избори да се одржат на 13 септември.
Излезот од полтичката криза е нужен и за да може да се интезивира процесот на решавање на спорт со името кој доби нов квалитет и динамика по последната рудна во Њујорк.