Голема е веројатноста два предмети забележани јужно во Индискиот океан да се остатоци од исчезнатиот малезиски авион, велат властите во Австралија со што се отвора можност меѓународната потера да ги добие првите траги околу исчезнувањето, јавува CNN.
Засега нејасно е за какви предмети станува збор, но се од „умерена големина“, а најголемиот околу 24 метри, вели генералниот менаџер за кризни ситуации од Австралија, Џон Јанг.
Според него, тие се полни со вода и пловат во област со радиус од 2.500 километри.
„Доколу тој дел од авионот е толку голем, можеби станува збор за опашката на авионот“, вели Давид Гало, еден од лидерите во потрагата по летот 447 на Ер Франс кој се урна во 2009 година во Атлантски океан.
Сепак, вели Гало, загрижувачка е големината на предметот, бидејќи според него нејасно е како може толкаво парче да „преживее“.
Висината на опашката на Боингот 777, моделот на исчезнатиот малезиски авион изнесува 18 метри.
Летот 370 исчезна над Југоисточна Азија на 8.март, со 239 патници и членови на екипажот, а потрагата по авионот денеска влегува во 13-от ден.