Под мотото “Смрт на фашизмот-СЛОБОДА ЗА СЛОБОДАТА!”, ОДРАЗ, КИСЛОРОД и БУРГИЈАШИТЕ вечерва се одржа собир под назив “15 дена потоа”, во паркот кај Бристол.
15 дена потоа, беа презентирани граѓанските активисти кои не само што се бореле само за паркот, туку како што велат, и за слободата во Република Македонија, за враќање на владението на правото и принципите на демократијата.
На настанот имаше видео презентација, говори и за прв пат во живо беше изведена песната која е создадена за борбата за слобода на слободата, како што велат активистите.