Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пармаковска, Прља и Станојоски во финале за „Роман на годината“

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романите „Одбројување“ на писателката Фросина Пармаковска  во издание на „Или – или“, „Апокалипса.мк“ на писателот Бранко Прља, чиј издавач е „Готен“ и „Диссомнии“ на писателот Игор Станојоски во издание на издавачката куќа „Антолог“ се финалистите за престижната награда „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Одбројување“ е трет роман на Фросина Пармаковска која дипломирала на Филолошкиот факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на   Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа  е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.„Апокалипса.мк“ е последниот роман на Бранко Прља, кој претходно под псевдонимот Берт Стајн ги објави романите:„3 минути и 53 секунди“ и „1 час и 30 минути“. Прља  е автор на повеќе збирки раскази, а познат е и по својата работа како графички дизајнер и копирајтер.„Диссомнии“ е третиот роман на лингвистот и писател Игор Станојоски. Станојоски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата Македонски јазик  со општа и компаративна книжевност. Докторирал на Институтот за словенска филологија Сосновјец во Полска. Автор е на повеќе книги од областа на лингвистиката како и на романите „Гаргара“ и „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“.

Добитникот  на наградата „Роман на годината“ за која во официјална конкуренција беа 27 романи ќе биде соопштен на 15 март, а по пат на тајно гласање за него годинава одлучува жири комисијата составена од претседателот Давор Стојановски – писател и минатогодишен лауреат и членовите: Ристо Лазаров, писател,  Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Роман на годината“ 18 години претходно ја доделуваше  лани згаснатиот „Утрински весник“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.