Наместо за 10 % како што беше првично најавено, парното греење од идниот месец ќе биде поевтино за 4.7 %. Како што објави Регулаторната комисија за енергетика новата цена ќе важи точно една година.
Конечната одлука регулаторите треба да ја донесат утре. За 4.09 % пониски сметки ќе добиваат корисниците кои се греат на ЕЛЕМ-енергетика. Домаќинствата приклучени на Скопје-Север пак ќе имаат помали сметки за 0.48 %, а останатите за 5.2 %.
– Новите цени на парното се надеваме ќе влијаат граѓаните да продолжат да се греат на парно и да се намали бројот на граѓани и институции кои се откажуваат од овој тип на греење, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Димитар Петров.

