Уставниот суд на Косово одлучи мандатот за состав на новата Влада да го добие партијата со најголем број на гласови.
Според оваа одлука, единствено Демократската партија на Косово на досегашниот премиер Хашим Тачи, може да биде номинирана да ја формира новата Влада на Косово, по завршувањето на јунските парламентарни избори.
-Партијата или коалицијата која е мнозинство во Собранието како што е прпоишано во член 95 став 1 од Уставот, подразбира партија или коалиција која има најмногу пратенички места, се вели во одлуката на Уставниот суд.
Во одлуката стои и дека, во случај предложениот кандидат за премиер да не добие доволно гласови, претседателот предлага друг кандидат во консултација со партиите кои ги исполнуваат условите и кои учествувале во парламентарните избори.
Демократската партија победи на овие избори со освоени 37 пратенички места. Веднаш по изборите трите главни опозициони партии формираа коалиција, за во случај на номинации да имаат поголема можност да формираат нова Влада.