Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паскали: Три дупли сметки на македонско семејство- тоа ќе оди ќе плаќа и ќе ќути

0
By Биљана Секуловска on November 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ирена Паскали, македонска уметница која твори и живее во Германија неодамна ја разбрануваше јавноста со нејзиното дело „За секое семејство Дупло – за доброто на Македонија“ , но не заради вредноста на уметноста на Паскали, туку откако беше забрането да биде изложено на билборди во Скопје.

Паскали во делото користи свои лични сметки (соопштувајќи една лична приказна) од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ кои се дојдени два пати за ист месец на ист корисник на нивните услуги и судски тужби за разрешување на таквата состојба.

Паскали во интервју за НОВА во говори за цензурата, за неможноста да сфатат колегите од Германија за какви дупли сметки станува збор, за делата кои и покрај тоа што завршуваат во бункер, никогаш не умираат. Уметноста, големината на уметниците останува вечна, властите се менуваат.

НОВА: Вашето дело „За секое семејство Дупло – за доброто на Македонија“ е мртво, иако Институтот за култура и уметност Арс акта тим бара да се прогласи да живее. Каде може публиката да го види вашето дело?

Паскали: Делото остана непринтано и неизложено на билборд, оттука во моментов само он-лајн на ФБ може да се види.

Секако голема благодарност до “Арс акта” тимот кој се обиде насекаде (се мисли на медиа компании) да инсистира делото да биде поставено. Но никој не сакаше да се нафати да го постави на билборд.

НОВА: Дали има реакции околу вашето дело со дуплите сметки кои и покрај тоа што се платени доведуваат до тужни и извршители? Говорам за реакциите меѓу уметниците во Германија, каде живеете, реакции и на делото, но и на цензурата.

Паскали: Цензура имало и насекаде ќе има. Тоа не е ништо ново. Проблемот е кога ќе го објасните во каква атмосфера живееат лугето и немаат повеќе сила да реагират или стануваат едноставно индиферентни на сите општествени реформчиња кои понекогаш на ништо не личат, или самоизживување на сопствениот народ.

Да извадите потврда дека се сте платиле, казни, дупли сметки, значи се, и пак да добиете тужба од извршител, тоа е веќе е необјасниво и на граница со идиотизам.

Во која земја го има ова?

И за жал, не е само Водовод тука се : Струја, Парно, МРТ и повеќето од граѓаните имале добри искуства со вакви „мултимедијални престави“.

За колегите во Германија беше неразбирлив нашиот проблем кој го претставив во делото. Како дупло?!

Тоа не значи дека тука во Германија, на може да дојде дупла сметка, два пати од конто да бидат одземени суми за плаќање, но со секоја реакција се решава случајот. Не се чекаат 5-6 години и повеќе, за да добиете директно тужба или казна од 100 %. Неразбирлив е за луѓето ваквиот чин.

Ако веќе го имитираме запад, треба до крај да се имитира.


НОВА: Институтот “Арс акта” овој чин на удар врз уметноста но и врз демократијата прецизно го дефинира како страв на медиа компаниите од власта. Кој е вашиот одговор до власта?

Паскали: Медиа компаниите ги штитат своите интереси. Тоа е повеќе од јасно и тие не гледаат причина зошто би ја потврдиле мојата идеја дека секое семејство има Дупло.

Страв од власта, логично. Претпоставувам дека и тие се лично погодени од феноменот Дупло.

Колку семејства во Македонија добиле Дупло, не е ова само со Вододовод, туку и за други монополи кои ги има државата. На оваа тема е пишувано многу по весниците, но никаде не видов протест и револт од граѓаните, дали се преполни со страв, заплашување, умор.

Делото беше забрането на оваа изложба бидејќи не сакаа да го испринтаат медиа претпријатијата од страв да не бидат казнети од државата или да се конфротираат со неа.

Значи дека корените треба поназад да се бараат, зошто државата ме испровоцирала на овој проект. Нешто што остава видлива, неубава трага во секојдневниот живот на општеството на луѓето кои веке се немоќни или уморни и не сакаат да реагираат на сите притисоци, манипулации.

Само гледано низ историјата нашиот менталитет не се променил. Три пати да му пратиш Дупло на некое македонско семејство, тоа ќе оди ќе плаќа и ќе молчи од страв.

НОВА: Имате ли објаснување зошто македонските уметници, со ретки исклучоци, работат исклучиво дела кои се во согласност со политиката на власта, го отфрлаат критичкиот дискурс, не го креваат гласот, ја наведнуваат главата затоа што само така сабјата не сече, како што вели “Арс акта’. Од што се плашат уметниците? Дали само парите се мотив за нивната покорност?

Паскали: На ова прашање можат само тие уметници да ви одговорат. Најдобро е нив да ги прашате. Веројатно постојат многу причини за кои тие најдобро ќе дадат одговор.

НОВА: Зошто не ги охрабрите колегите- уметници, зошто не им се обратите јавно, на овој начин, преку НОВА- да согледаат дека ја сносат својата општествена одговорност преку нивните дела, да не се покоруваат на моќниците, на власта, да бидат уметници чии дела ќе остават траг во историјата и покрај заплашувањата, и покрај цензурата и покрај можните реперкусии кои би следеле.

Паскали: Има доста уметници кои реагираат на општествените и политички промени, притисоци, но колку тоа доаѓа или допира до јавноста не можам да кажам. Не сум секојдневно присутна.

Меѓутоа, секој е свесен за својата егзистенција, за своето творештво и реагира и твори како себеси се наоѓа.

Јас лично како автор досега сум била провоцирана и сум реагирала на сите промени кои лично ги доживеав- и тоа преку проектите: “На пат за/од Македонија”, “На ова Дно”, “За наше добро”, “Виза за Европа”, “Сарма”- сите тие имаат една слика и видување на тоа што се случувало околу мене.

НОВА: Ако некои уметници минатата година се заблагодаруваа на министерката на култура, јавно, на отворена сцена пред целата јавност, да бевте таму, кој ќе беше вашето обраќање до министерката Канеческа Милевска?

Паскали: Не го видов тој чин, тој што профитирал има добро и добра причина да се заблагодари.

И во други земји (за кои мислиме дека се многу фер и демократски) има вакви случувања, нарачана уметност, блискост до партиските кругови и поединци, така да ние не сме го измислиле ова или е само феномен кај нас. Тоа е многу погрешна слика.

Проблемот е кај нас што сме мала земја и мал по број народ, па сите се знаеме па и до тоа кој број гаќи носи. Ако живеете во милионска земја, со преку 80 милиони жители, на сето ова ќе гледате поинаку.

Проблемот е кај нас е што е мала земја, мал народ, со големо его. Ние во Македонија сите сме најголемите уметници (бидејки комшијата ти е директор, кумот работи во новинарство, пријателот ти печати каталог) итн. Сите сме најголеми директори, најголеми политичари и една смешна изјава која редовно ја слушсам- ,,тие се од високото друштво”.

Кога ке излезеш од таа затворена лушпа на нај..нај.. сфаќаш колку си мал и од каде доаѓаш. Додека објасниш каде е Македонија (и другите ти се виновни дека не знаат) епитот на нај звучи смешно. Ама тое е болест уште една на нашето општество и со таква си живееме, старееме и умираме.

НОВА: Кога ќе го слушнам зборот култура, го вадам пиштолот. Оваа омилена фраза на нацистите се уште функционира во некои земји. Вашата уметност е всушност одговор на тој пиштол. Една држава нема шанси со само еден, два пиштоли, особено кога дури и не пукнуваат, туку остануваат скриени во некој бункер, како што е и вашето дело кое беше забрането

Паскали: Скриеноста во Бункер не значи дека нешто е уништено, само е сокриено, и го чека вистинскиот момент. Или ќе биде употребено да испука, или ќе остане во музеј да сведочи за едно време. А и да пукнеше делото како пиштол, мислите дека нешто многу ќе променеше? Ништо нема да се промени за жал и 10 пиштоли да запукаат.

НОВА: Во проектот Скопје 2014 својот допринос имаат дадено голем број ваши колеги, а еден од најпроминентните уметници, Александар Станковски, кој колку што е познато, не учествувал во овој проект вели дека се тоа “нови културни феномени, новосоздадени фасцинации на преродбата”. Но, за критичарите, тој има порака: ” Нивната тенденциозна критика, полна со негации, клевети и подметнувања станува сè повеќе и повеќе контрапродуктивна, пред сè, кон самите нив, банда исфрустрирани идиоти, кои никогаш не креирале ништо значајно ниту за нацијата, ниту, пак, за светот. ” Која е вашата порака за Ск 2014?

Паскали: Проектот Ск 2014 е премногу коментиран, па така да мојот коментар ништо нема многу да значи, а уште помалку па да промени.

Да, нови културни феномени е добар израз, само зборот феномен не би го ставила секогаш во позитивна конотација.

Има некои објекти кои му требаат на градот (без да навлегувам на нивната детална изградба, архетоктонско решение и слично) , но и преголем број на кич со кој невкусно и несоодветно е претрупан градот.

На шега секогаш повторувам- колку ми е интересно кога ќе дојдам во Скопје, секогаш имам уште несто ново да видам во мојот град, во кој живеев 35 години.

Единствено што ме плаши, да не дојде после Скопје 2014 нешто поголемо и покичесто, ќе треба се Дупло да плакаме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.