Кривичниот суд во Скопје му определи куќен притвор од 30 дена на директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман кој утрово беше приведен под сомнение дека ја злоупотребил службената должност и овластувања.
Кузман се товари дека нелегално, односно надвор од процедурите давал дозволи за ископување на археолошки локалитети заедно со група вработени во Управата.
Иако приведувањето на Кузман се третира како дел од процесот Фаланга 2, од МВР велат дека немаат докази и наоди дека Паско Кузман учествувал во нелегална трговија со артефакти.