НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти со дијабетес: Ставаш инсулин, како да ставаш вода

4
By Менче Атанасова Точи on October 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од аптеките денеска останаа без неколку вида на инсулин и тоа токму тие што се увезуваат со паралелен увоз. Откако инсулините почнаа да ги увезуваат на ваков начин, а лекот не доаѓа директно од производителите, туку од „трета рака“дијабетичарите се сомневаат и во нивната исправност

Дел од аптеките денеска останаа без неколку вида на инсулин и тоа токму тие што се увезуваат преку паралелен увоз. Тоа се инсулини кои не доаѓаат директно од производителите туку од „трета рака“ или од велдрогерија до веледрогерија. Нив во државата со одлука на преходната власт ги увезуваат пет веледрогерии.

Утринава на пациенти кои отишле да си го подигнат инсулинот им било кажано дека нема четири вида најчесто употребуван инсулин. Бојан Киров претседател Сојузот на здруженија  дијабетичари вели дека пациенти  утринава се пожалале дека не добиле инсулин, а и тој лично за себе не можел да земе кога отишол во инсулинската аптека.

„ Се јавив кај дистрибутерот рекоа ги пакувале и утре ќе ги има, но знам дека  ќе потрае додека се расподелат секаде. И понатаму се толерира неспособноста на увозниците кои преку паралелен увоз ги обезбедуваат потребните количини на инсулин, иако заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски на средбата пред две недели вети дека состојбата ќе се среди“ изјави за НОВА, Киров.

Но, не е само проблем недостигот на инсулин кој се повторува речиси секој месец. Откако почнаа инсулините да ги увезуваат  неколку домашни веледрогерии преку паралелен увоз,  дијабетичарите се сомневаат во нивната исправност.

„Откако почна да се носи инсулинот во Македонија со паралелен увоз, веднаш почнаа и проблемите. Тоа се проблеми во смисла “ставаш инсулин, како да ставаш вода, ако го користиш инсулинот подолго од три дена, веќе не делува како што треба да делува, односно  дејството му е драстично намалено“. Сите лица со дијабетес  без исклучок го осетиле ова, но некои не се доволно едуцирани за да ги забележат  проблемите. Паралелниот увоз беше спроведен со цел да се заштеди, меѓутоа на долг рок овој начин на увоз каде што единствен услов е најниска цена има целосно спротивни ефекти“, вели за НОВА Цвете Серафимовски од Асоцијацијата за детски дијабетес  „Баланас МК“.

Тој објаснува дека неколку пати пријавувале за ваквата состојба до надлежните, а побарале да им достават и докази дека инсулинот е соодветно чуван од моментот на преземање од транспортното претпријатие, дека е соодветно транспортиран и чуван откако е пристигнат во Македонија, односно дека во ниту еден момент не е прекинат ладниот ланец.  Но, досега таков доказ не добиле.

„Ниту еднаш не ни беше доставен на увид документ кој што го потврдува сето ова погоре.  А ова го баравме од проста причина што од страна на производителите ни беше потврдено дека инсулинот е од нивно производство,  но не сакаа да гарантираат за исправноста на инсулините поради тоа што во ниту еден дел од целата постапка тие не учествуваат.  Бидејќи инсулинот е хормон кој што мора постојано да се чува на соодветна температура за да не дојде до разградување на активната состојка (нешто што се случува кога инсулинот се чува на температура повисока од пропишаната или во случај да замрзне) со што инсулинот почнува да го губи дејството многу побрзо од пропишаниот рок на траење. Ние се сомневавме дека ладниот ланец не е почитуван, а сомневањата ни ги засили и одбивањето на надлежните органи да ни достават докази за тоа дека овој процес не е во ниту еден момент прекинат“, објаснува Серафимовски.

Од Асоцијацијата сето ова му го кажале и на министерот за здравство Арбен Таравари, а од Агенцијата за лекови побарале да изврши  вонредна контрола за да се утврди дали во било кој момент е прекинат ладниот ланец и доколку има законска можност преставник од нив да биде набљудувач на процесот на контрола. Но, како што велат,  се уште нема ништо од тоа.

НОВА консултираше неколку фармацевти кои инсистираа да не бидат цитирани, но тврдат дека во вакви случаи кога може да дојде до прекин на ладниот ланец при транспортот или чувањето, лекот или не делува или може да биде многу токсичен.

Сомнежите на здруженијата на дијабетичари се уште поголеми бидејќи, како што велат,  во државата нема акредитирана лабораторија која може да ги врши сите испитувања на биолошките лекови каде што спаѓаат и инсулините.

Тоа значи дека тие нема каде да ја проверат нивната исправност, односно дали некаде е прекинат тој ладен ланец, па инсулините биле изложени или на пониска или на повисока температура од пропишаното.

Од Фармацевтскиот факултет велат Центарот за испитување и контрола на лекови во согласност со опсегот на акредитација врши контрола на препарати што како активна супстанција содржат различни типови на инсулин, преку контрола на параметри од спецификацијата за кои е предвидено испитување со примена на физичко-хемиски методи.

„ Проверка на спроведувањето на ладен ланец на лековите до крајниот потрошувач, во согласност со начелата на Добрата дистрибутивна пракса е задача на инспекторите за Добра производна пракса од Агенцијата за лекови и медицински средства“, се вели во одговорот на Фармацевтскиот факултет.

Од Веб страната на Институтот за јавно здравје пак, може да се види дека оваа институција нема акредитирана лабораторија која ги врши сите испитување на инсулините

Директорот на Агенцијата за лекови Роберт Бекироски признава дека во двете лаборатории, кои иако се по сите стандарди,  при Фармацевтскиот факултет каде што има воведено систем на квалитет 17025 и која е член  на европската мрежа и Лабораторијата за контрола на лекови при Институтот за Јавно здравје која е акредитирана по ISO 17025, не се вршат целосно сите испитувања.

„ Овие лаборатории освен испитување на хемиските ентитети по потреба вршеле и испитување на ентитети од биолошко потекло, но само за одредени параметри“изјави Бекироски.

Што ќе превземе Министерството за здравство, дали ќе поведе сериозна истрага која треба да покаже дали инсулините се безбедни останува да видиме. Дотогаш, останува сомнежот какви лекови користат 40 000 луѓе кои се зависни од инсулин, меѓу кои има  400 деца.

Следува:  Колку фалсификувани лекови откриле надлежните, има ли ефикасен систем за несакани дејства

stevedocwra on
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.