Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти со рак вратени без терапија-на Онкологија велат ќе има лекови во вторник

0
By Менче Атанасова Точи on June 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациентите кои денеска отишле да подигнат терапија за рак на кожа биле вратени со образложение дека го нема лекот Зелбораф, реагираат пациенти во редакцијата на НОВА. Тие тврдат дека во изминатиот период, особено во последниот месец останувале без терапија бидејќи на Клиниката за онкологија лекот го немало.

„Од денеска повеќе пациенти се оставени без терапија, ги вратија дома така,  а лекот ни е неопходен за третирање на ракот“, тврдат за пациенти за НОВА, кои сакаат да останат анонимни поради можни последици на клиниката каде се лекуваат.

Директорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев тврди дека лекот ќе го има од вторник бидејќи постапката со тендерот завршила.

„Тие што не добија лек денеска се вратија, но на сите им е јавено дека терапија ќе има во вторник во 12 часот за да дојдат да си ја подигнат. Лековите се стигнати и во моментот се царинат. Тендерот е завршен и во наредните две години ќе има лекови за сите пациенти болни од рак“, изјави за НОВА, Васев.

Тој вели дека станува збор за лек кој не е на позитивната листа, но Клиниката го набавува од својот буџет. Во моментот има шест нови пациенти со меланом кои треба да се ставата на терапија и уште двајца кај кои се уште се вршат испитувања, вели Васев.

Фирмата „Др. Пановски“, го добила тендерот за да го набавува овој лек. Тендерот што го распиша Министерството за здравство се развлече со месеци и пациентите, како во минатото, често остануваа без терапија. За да им излезат во пресрет на пациентите, на Клиниката дел од лековите ги набавувале на реверс од веледрогериите.

Инаку, бројот на пациенти со карцином постојано се зголемува, а државата беше критикувана од страна на Европската комисија дека Македонија нема национална стратегија за борба со оваа болест, ниту пак сите граѓани имаат пристап до скринингот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.