Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патувачкото кино на „Македокс 5“ во Слепче и во Смилево

0
By Нова ТВ on August 25, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патувачкото кино продолжува со проекциите на документарни филмови низ Демирхисарскиот регион. Во однос на планираната проекција во селото Бабино направена е промена на локацијата и проекцијата на 26 август ќе се одржи во селото Суводол, кое е, речиси, споено со селото Кутретино.

Претходните две проекции се одржаа во селата Слепче и Смилево. Ослепените војници на цар Самоил пред 1000 години поминале низ селото Слепче и го населиле тоа место. Така селото го добило своето име. Денес е едно од најурбанизираните села во регионот со модерни куќи, интернет, а над него се издига еден од поубавите живи манастири посветен на Св. Јован Крстител. Брои 720 жители кои се занимаваат со одгледување зеленчук, берење печурки, а доколку добиете желба да станете балерина овде можете да си ги набавите
најубавите балетанки, зашто сред село има фабрика за изработка на балетска опрема во која работат голем дел од локалните жители.


– Заедно со насмеаните, весели жители на селото Слепче проследивме два филма: „Дае“ на Столе Попов и музичкиот документарец „Звукокршач“ на Кимо Коскела.

– На 24 август патот нѐ одведе во селото Смилево. Легендата вели: Имало тројца браќа, Гале, Лазе и Смиле, на кои таткото пред да умре им ги разделил своите овци. Гале го населил селото Галичник, Лазе-Лазарополе, а Смиле го основал Смилево и така настанало ова мијачко село. Денес селото брои околу 300 жители, кои најчесто се вешти градители, билкари, ловџии, а некои од нив прават ќумур на традиционален начин. Во Смилево се родил и Даме Груев, а од 2 до 7 мај1903 година се одржал и познатиот Смилевски конгрес, на кој било одлучено кога да се дигне славното Илинденско востание.

– На 900 метри надморска височина под прекрасното ѕвездено небо заедно со локалните жители ги проследивме документарците „Напуштени олтари“ од Трајче Попов и „Драган Венде“ на Драган фон Петровиќ, соопштуваат од „Македокс“.

До крајот на патувачкото кино „Македокс“ ќе има проекции и во Сопотница на 27 август и во селото Слоештица на 28 август 2014 година, каде што „Македокс“ ќе учествува во програмата на манифестацијата „Славење на Пирејот“, во Здружение за промоција на документаристика „МакеДокс“ организација на „Артпоинт – Гумно“. Проекциите се одржуваат сред село, а почнуваат во 21 часот.

Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.