Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павле Трајанов во ИЕ 1, Кекеновски во ИЕ 2, Слободан Богоески во ИЕ 4

0
By Влатко Чаловски on November 10, 2016 ПОЛИТИКА
Коалиција за промени и правда
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не плашете се, режимот сигурно паѓа“, е пораката со која кандидатите предводници на пратеничките листи од Коалицијата за промени и правда вечерва ги повикаа сите слободоумни граѓани да гласаат на изборите на 11.декември.

Коалицијата составена од Демократскиот сојуз на чело со Павле Трајанов, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, ДЕМОС на Емил Атанасовски и МОРО-Работничка партија предводена од Горан Зафировски, вечерва на конвенција ги претстави своите 120 кандидати како и предводниците на листите.

Трајанов ќе се бори во ИЕ 1, Кекеновски во „двојка“, во ИЕ 3 ќе биде Весна Стојменовска, додека „четворката“ на Коалицијата за проемни и правда ќе ја води поранешниот разузнавач, Слободан Богоески. „Петката“ е резервирана за Александар Делов, додека во ИЕ 6 ќе се бори Бранко Мајсторовски.

Во своите обраќања сите кандидати се децидни – на Македонија и требаат промени, а тие велат, подготвени се да ги донесат.

„Оваа коалиција ќе победи. Граѓаните бараат промени на 11.декември за држава каде законите ќе важат за сите. Им порачувам на ВМРО-ДПМНЕ дека нема бегање од народот кој ќе ги порази и режимот ќе падне. Слушам дека Никола Груевски бегал од „единицата“ и не сакал да се соочи со мене и Стево Пендаровски па ќе одел во „четворката“. Но таму го чека Слободан Богоевски“, порача меѓу другото во својот говор Трајанов.

Кекеновски пак, вели за разлика од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, овие листи на Коалицијата за проемни и правда се составени од чесни луѓе, каде нема аболирани, осомничени или обвинети криминалци како власта на Никола Груевски, но има од оние кои токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им монтирал судски пресуди.

„Имаме луѓе со чест и достоинство и луѓе кои за жал биле жртви на злосторничкото здружување. Денес кога сме по заслуга на партиската врхушка доведени на работ на амбисот, кога најголемиот дел од нас се срамат од тие лажни патриоти, псевдонационалисти, клептомани, од лажните моралисти и недоразвиени политички ембриони како оној со колата што бегаше, на сите нас ни е јасно дека е дојдено време за промени и правда“, порача меѓу другото Кекеновски, дополнувајќи дека во иднина се повеќе ќе бидат видливи бесните политички опоненти кои немаат каде да бегат поради својот криминал.

„Ќе бидат казнети за сиот криминал што го имаат направено, мора да падне режимот и тие тоа го знаат. Ние бараме одвојување на партијата од државата. Со Трајанов некогаш се боревме за тоа а сега по 27 години пак ќе се бориме против истото“, рече Богоески во својот говор како кандидат предводник на ИЕ 4 на Коалицијата за промени и правда.

Весна Стојменовска во својот говор се фокусираше на 600.000 млади исселени од Македонија, за кои рече дека оваа Коалиција ќе ги врати и Македонија ќе стане Европа за сите државјани.

Здравството, образованието, инфраструктурата, апашлукот на властите и останатите проблеми со кои се соочува Македонија мора да бидат вратени во нормала а граѓаните на 11.декември да размислат кому треба да го дадат својот глас, порачаа Банко Мајсторовски од ИЕ 6 и Александар Делов од ИЕ 5.

избори Јове Кекеновски коалиција за промени и правда Павле Трајанов Слободан Богоески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.