НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павлова: Новата кредитна линија на ЕИБ ќе го помогне закрепнувањето на компаниите

0
By НОВА ТВ on July 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка е насочена кон економско закрепнување на малите и средните претпријатија во земјава. Таа ќе им помогне на компаниите да закрепнат, да ги задржат работните места и да обезбедат континуитет на работењето, вели заменик-претседателката на ЕИБ за Западен Балкан, Лилјана Павлова во интервју за МИА.

– Со оваа операција ќе се решат и празнините во ликвидноста и краткорочните потреби од капитал, како и долгорочните инвестиции на бизнисите во Северна Македонија, што ќе им помогне да закрепнат, да ги задржат работните места и да обезбедат континуитет на работењето. Ова е дел од иницијативата на Тим Европа и на финансискиот пакет на ЕИБ за поддршка на закрепнувањето на Западен Балкан по КОВИД-19. Гледано подолгорочно, ќе придонесе за отпорноста на економијата и ќе ја олесни нејзината транзиција кон поодржлив економски модел којшто ќе обезбеди нејзина конкурентност во вредносните синџири на ЕУ, истакнува Павлова.

Во интервјуто, Павлова зборува и за Економскиот инвестициски план на Европската комисија, како и за новиот Гарантен фонд за Западен Балкан, кој се очекува да мобилизира до 20 милијарди евра нови инвестиции.

Интервјуто го пренесуваме во целост:

Република Северна Македонија и Европската инвестициска банка потпишаа договор вреден 100 милиони евра за финансирање проекти на мали и средни претпријатија. Ова е шеста финансиска операција за МСП што ја добива земјата од ЕИБ. Какви резултати дадоа досега инвестираните средства?

– Развојната банка на Северна Македонија и ЕИБ успешно соработуваат веќе 13 години и како резултат на тоа има шест договори во вкупна вредност од 550 милиони евра. Петте кредитни линии што веќе беа отворени, се користеа за поддршка на 2.090 компании во различни области како трговија, туризам, услуги, градежништво, здравство и образование. Околу 75 проценти од средствата се искористени за долгорочни инвестиции со коишто беа создадени повеќе од 8000 нови работни места.

Општо гледано, Европската инвестициска банка додели 635 милиони евра за компаниите во Северна Македонија, што помогна да се одржат над 99.000 работни места. Доделивме 55 проценти од вкупната инвестиција на приватниот сектор.

До денес, ЕИБ инвестираше над една милијарда евра во Северна Македонија за поддршка на социо-економскиот развој и процесот на пристапување кон ЕУ. На пример, Банката на ЕУ намени над 277 милиони евра за изградба на модерна транспортна мрежа во Северна Македонија, придонесувајќи за безбедноста на патиштата, намаленото време на патување и регионалната кохезија. Во инфраструктурата за вода и отпадни води, ЕИБ досега инвестираше 128 милиони евра, што помогна во подобрување на пристапот до вода за пиење и санитарни услуги за луѓето во Северна Македонија, истовремено намалувајќи го и загадувањето на водата.

Новата кредитна линија пристигнува во време кога на економијата ѝ е потребно закрепнување од пандемијата, а ќе биде добредојдена за бизнисите. Колку проекти и можности ќе имаат корист од овие финансии?

– Со неодамна потпишаниот нов договор за 100 милиони евра, очекуваме да обезбедиме финансиска поддршка за најмалку 300 проекти на малите и средните претпријатија. Новата кредитна линија е планирана како поддршка за економско закрепнување на малите и средните претпријатија, како и средните компании во земјата. РБСМ ќе работи со комерцијалните банки во распределба на овие средства до локалните бизниси, под поволни услови за финансирање од ЕИБ.

Со оваа операција ќе се решат и празнините во ликвидноста и краткорочните потреби од капитал, како и долгорочните инвестиции на бизнисите во Северна Македонија, што ќе им помогне да закрепнат, да ги задржат работните места и да обезбедат континуитет на работењето. Ова е дел од иницијативата на Тим Европа и на финансискиот пакет на ЕИБ за поддршка на закрепнувањето на Западен Балкан по КОВИД-19.

Гледано подолгорочно, ќе придонесе за отпорноста на економијата и ќе ја олесни нејзината транзиција кон поодржлив економски модел којшто ќе обезбеди нејзина конкурентност во вредносните синџири на ЕУ.

Дали има доволно средства од домашните банки за поддршка на економијата и дали таа поддршка е доволна во овие услови на пандемиската криза поради ковид?

– Со оглед на опсежното влијание на пандемијата, поддршката од Владата и од меѓународните финансиски институции како ЕИБ е важна за да им се помогне на бизнисите да ги задржат работните места и ликвидноста, побрзо да закрепнат и да ја планираат иднината. Во ваков контекст, беше смислена и новата операција за РБСМ. Освен тоа, во 2020 година, ЕИБ и „ПроКредит банка“ обезбедија 15 милиони евра за поддршка на малите и средните компании во Северна Македонија за зачувување на работните места и олеснување на влијанието од кризата со КОВИД-19.

Би сакала и да ја подвлечам значајноста на Економскиот инвестициски план што го усвои Европската комисија во 2020 година. Тој обезбедува нацрт за долгорочното закрепнување и развојот на регионот. Исто така ќе биде распореден и нов Гарантен фонд за Западен Балкан, кој се очекува да мобилизира до 20 милијарди евра нови инвестиции, главно за поддршка на приватниот сектор. Покрај тоа, преку поддржување на зелената и дигиталната транзиција, пристапните реформи на ЕУ, инклузивниот раст и поврзаноста, тој ќе помогне да се креира подобра инвестициска клима и услови за нови можности за вработување.

Како ја оценувате економската ситуација во земјата и дали обезбедената државна поддршка преку мерките од антикризните пакети е доволна во услови на пандемија?

– Како резултат на пандемијата, БДП падна за околу 4,5 проценти во 2020 година, а се очекува да скокне за околу 4 проценти во следните две години, според скорешните проекции. Покрај силната трговска врска со ЕУ, економијата страдаше од затворањето на границите и другите рестрикции кои влијаеја неповолно на трудоинтензивните услужни сектори, како малопродажбата и туризмот. Според Анкетата на претпријатијата во услови на КОВИД-19 што ја спроведе ЕИБ, 40 проценти од фирмите во Северна Македонија биле привремено затворени за време на пандемијата, а околу 70 проценти од нив искусиле намалена ликвидност или достапност на проток на готовина, што на крајот довело до голем пад на продажбата (38 проценти на годишно ниво) и на работната сила (15 проценти).

Властите во Северна Македонија презедоа многу мерки за да се олесни влијанието од пандемијата. Меѓу другото, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја намали својата основна каматна стапка за кумулативни 75 базични поени и ја сведе на 1,25 проценти. Исто така, воспостави и репо-линија со ЕЦБ (отворена до март 2022 година), којашто ќе обезбеди пристап до ликвидност во евра, во износ до 400 милиони евра во замена за прифатлив колатерал. Преку други инструменти, исто така понуди дополнителна ликвидност за банките и го ревидираше своето регулирање на кредитниот ризик за да се поттикнат банките на привремено преструктурирање на кредитите. Покрај тоа, привремено се олабавија стандардите за класификација на кредитите за доспеаните, а неподмирени кредити (ДНК). Останува да важи одложувањето на кредитите за компаниите коишто се најпогодени од пандемијата.

Беа преземени и многу други фискални и структурни мерки, според Следачот на политики на ММФ. Покрај тоа, Анкетата на ЕИБ за кредитната активност на банките во Северна Македонија за пролетта 2021 година, дел од Анкетата за кредитна активност на банките во ЦИЈИЕ, покажа дека се чини оти банките ги искористиле овие мерки до одреден степен и дека тие исто така ги забрзале нивните процеси на дигитализација. Меѓу најважните мерки беа и мораториумот на враќање на кредитите и мораториумот на рекласифицирање на кредитите. Се чини дека банките ги користат веќе двете мерки, а поголемиот дел од нив пријавуваат покритие од 10 до 20 проценти во своите портфолија. Сепак, анкетата покажува дека банките остануваат прекумерно претпазливи и дека е во застој побарувачката за кредити.

Севкупно гледано, може да кажеме дека мерките што ги воведе Владата помогнаа во ублажувањето на најнепосредниот негативен ефект. Меѓутоа, како во повеќето други земји, неопходна е понатамошна поддршка од локалните и меѓународните финансиски институции за да се помогне Северна Македонија побрзо да закрепне и да се интегрира на пазарите во регионот и во ЕУ.

Дали може да се очекуваат други инвестиции од банката во земјата, со оглед на тоа дека најавивте целосна поддршка од ЕИБ за Северна Македонија во постигнување на целите и реформите коишто се усогласени со политиките на ЕУ?

– ЕИБ има цврста низа на зелени инвестиции за понатаму, вклучително и приоритетниот проект за железничкиот коридор 8 и новата шема за поддршка на општинската инфраструктура за водоснабдување и отпадни води. Како климатска банка на ЕУ, исто така сме подготвени да ја поддржиме амбицијата на Северна Македонија за реализирање на потенцијалот на обновливата енергија, енергетската ефикасност и иновативноста.

Подготвени сме да обезбедиме целосна поддршка на Северна Македонија и на регионот за да се постигнат нивните цели и реформи во согласност со политиките на ЕУ и Стратегијата за зголемување на ЕК. Очекуваме да видиме напредок на патот на пристапување на Северна Македонија и да ја продолжиме блиската соработка со Владата и другите финансиери во земјата, за претворање на сегашните и идни проекти во вистински успех од корист на граѓаните.

Што треба да се направи за земјата да искористи колку може повеќе од можностите според Економскиот инвестициски план на ЕК и зелените инвестиции?

– Кога му посакавме добредојде на премиерот Заев во нашето седиште во Луксембург на почетокот на годинава, ја потврдивме нашата посветеност за понатамошен придонес кон конкурентноста на економијата на земјата, како и нејзината транзиција кон позелен и поодржлив економски модел.

Мило ни е што заедно со премиерот Заев ја споделуваме европска визија и посветеноста кон економски силен регион на Северна Македонија и Западен Балкан и би сакале да видиме дека Северна Македонија има што е можно поголема придобивка од можностите обезбедени од страна на Европската унија.

Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ е подготвена да ја прошири својата поддршка за енергетската ефикасност, одржливата мобилност и дигиталните проекти на Западен Балкан и Северна Македонија, во согласност со Економскиот и инвестициски план на ЕУ. Подготвени сме да обезбедиме финансиска и техничка советодавна поддршка за овие цели, да им помогнеме на земјите во регионот да имаат што е можно поголема придобивка од достапните средства, земајќи ги предвид нивните стратегии за долгорочна одржливост и националните стратегии. Очекуваме да видиме уште поинтегриран заеднички регионален пазар, со тесни врски со пазарот на ЕУ. ЕИБ ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка и експертиза за да видиме како регионот се движи во оваа насока, од корист за своите народи и економии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.