Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пченицата никој не ја купува-пласманот е проблем на државата

0
By Нова ТВ on July 16, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Земјоделците нема на кого да го продадат родот. И покрај изјавите на министерот за земјоделство дека е постигнат договор со мелничарите за 14- 15 денари откупна цена, пченицата никој не ја купува или на земјоделците им се нуди цена од 8-9 денари за килограм“, изјави денеска пред новинарите Ленче Николовска, претседател на Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Владата согласно законот за земјоделство треба да изврши интервентен откуп на околу 10.000 тони пченица од условно помалите земјоделски производители. По цена од 15 денари за килограм тоа се нешто повеќе од 2 милиони евра, пари кои државата повторно ќе ги врати во јануари кога ќе ја даде пченицата на продажба“, објасни Николовска.

Според неа земјоделците мора да бидат заштитени од државата кога е пласманот во прашање. Проблемот со пласманот е проблем на државата, особено за производство на стртешки култури како пченицата, тоа е лебот на граѓаните.

„Аграрот е сложен сектор, кој заслужува посебно внимание. Мора да се прогнозира и да се реагира на време. Она што седум години го прави оваа влада е само гол популизам и корумпирање на земјоделците со субвенции.

– Токму затоа во последниве 7 години имаме за 20 000 хектари намалување на површините под пченица и 60 000 тони помало производство. 

– Овој тренд мора да запре преку долгорочно решение за производство на лебно жито. Основно е да се намали производната цена на пченицата преку поефтина нафта и репроматеријали и добивање на субвенциите на време пред сеидба, како што прават сите влади во земјите од регионот.

– На овој начин нема да има потреба од ризични мерки кои можат да го доведат во прашање извозот на останатите македонски земјоделски производи“, истакна претседателката на Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.