Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Педесет години подоцна, се оствари ли сонот на Мартин Лутер Кинг?

0
By Светлана Јовановска on April 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес се одбележуваат 50 години од смртта на Мартин Лутер Кинг, борецот за правата на црната заедница во САД, убиен од бел сеграционист во Мемфис, Тенеси на 4 април 1968 година.

Афроамериканскиот баптистички свештеник е роден во 1929 година во Алабама. Борец за граѓанските права на Афроамериканците во САД и најмлад добитник на Нобеловата награда за мир во 1964 година, Кинг беше убиен во 39 година.

Добитникот на Нобеловата награда за мир во 1964 година е познат во целиот свет по говорот за неговиот сон:

“Сонував дека моите четири мали деца еден ден ќе можат да живеат во нација во која нема да бидат судени според бојата на нивата кожа, туку според нивниот карактер”.

Кој е Мартин Лутер Кинг?

Испириран од делото на Махатма Ганди, Кинг е еден од највлијателните поборници за добивање човекови и граѓански права без насилство.

Во 1955 година тој застанува на чело на движењето за поддршка на Роза Паркс, уапсена поради тоа што одбила во автобус да му го даде своето место на еден белец. Кинг повикува на бојкот на автобуската компанија а протестот трае цела година се до денот кога Врховниот суд пресудува дека Паркс била во право.

По медиумскиот успех на оваа кампања, Кинг основа Конференцијата за јужњачко христијанско водство и одлучува својата ненасилна борба да ја прошири на целата територија на САД. Тоа беше голема победа за движењето за граѓански права.

Во 1963 година тој е на чело на повеќе кампањи за граѓански права како правото за гласање на Црнците, крајот на сегрегацијата или подобро образование на Афроамериканците. Во неговиот славен говор “Имам сон” од 1963 година пред 25.000 луѓе, бели и црни, тој повикува на изградба на земја во која сите ќе имаат исти права пред законот. Полициското насилство врз следбениците на пацифистичките пораки на Кинг наидува на голема осуда кај јавноста и привлекува симпатии за борците за граѓански права.

По добивањето на Нобеловата награда за мир, барањата на Кинг се преточени во Законот за граѓански права во 1964 година и Законот за право на гласање во 1965 година.

По овој успех Кинг го шири движењето кон северот на САД а протестите што тој ги организира на северот предизвикуваат насилни реакции на југот на земјата. Во 1967 година тој зазема силен став против војната во Виетнам и смета дека САД се окупатори на оваа азиска земја којашто ја третираат како нивна колонија. Борбата против сиромаштијата и економска правда е исто така дел од неговата акција.

Кинг е убиен од бел сеграционист на 4 април 1968 година, додека му даваше поддршка на штрајкот на работниците кои го собираат сметот.

На неговиот погреб присуствуваа околу 300.000 луѓе.

Педесет години подоцна, се оствари ли сонот на Кинг?

Во далечните 60ти години, Американците беа влезени во долга војна во Виетнам, студентите беа гневни, жените се бореа против сексизмот, Афроамериканците се бореа против расизмот во полицијата.

Педесет години подоцна сведоци сме на протести против расизмот под мотото “Црните животи се вредни” (“Black Lives Matter”), по скандалот на продуцентот Вајнштајн жените тргнаа во борба против сексуално насилство и родова еднаквост со кампањата MeToo, младите протестираат против огненото оружје кое убива 30.000 луѓе во САД секоја година. Како на 24 март, еден месец по убиството во училиштето Паркланд до Флорида кога загинаа 17 ученици.

Заклучокот се наметнува сам по себе. Америка се уште е соочена со истите болни неправди.

Дејвид Фарбер, професор по историја на Универзитетот во Канзас, за агенцијата АФП вели дека во 1968 година имало “убиства, протести, немири, бунтови, неред, хаос: проживеаме исклучителни шокови во 1968 година и сето тоа е се уште актуелно”.

Убиството на Мартин Лутер Кинг предизвика огромни протести во сите големи градови во САД.

Педесет години подоцна, прашањето на расизмот во Америка е се уште актуелно. Кампањата «Црните животи се вредни» има за цел да ја подигне свеста за полициското насилство против црната заедница. Вестите за полициско насилство и убиства на Црнците во Америка се чести гости во информациите.

Според многу аналитичари во САД оваа 2018 година е исто така година на неостварени ветувања.

Така Линдон Џонсон, кога беше претседател, најави борба против сиромаштијата и расистичката неправда. Но, поради ужасите на војната во Виетнам, тој не бараше втор мандат на чело на државата. Избран беше републиканецот Ричард Никсон чиешто изборно ветување беше враќањето на законот и редот. Во тогашната Америка, соочена со хаосот од доцните 60ти години, тој стана новиот претседател.

Според професорот Фарбер, Барак Обама, првиот црн претседател на САД, не успеа да изгради општество без расизам. По него дојде милијардерот Трамп кој победи поради гласовите на «тивкото мнозинство», истото мнозинство што го донесе на чело на државата Никсон.

«Трамп успеа да креира сопствена верзија на конзервативниот популизам, како и Никсон во 1968 година. Многу Американци сакаат ред и сакаат да ја задржат старата хиерархија», вели Фарбер.

Јоланда Рене Кинг

Денес сонот на Мартин Лутер Кинг го сонува и неговата внука Јоланда Рене Кинг. Со своите 9 години таа беше една од централните фигури на протестот против огненото оружје во Вашингтон наречен “Маршираме за нашите животи”. Инспирирана од славниот говор на нејзиниот дедо, таа рече:

«Сонувам дека што е многу многу е. Не би требало да има оружје во овој свет. Пренесете ја порака. Низ целата земја».

Бернис, ќерката на Кинг, за британскиот Гардијан со емоции зборува за малата Рене и нејзината порака за свет без оружје пред стотици илјади деца предводени од преживеаните од пукањето во Флорида. Сите тие дојдоа во Вашингтон за да им застанат на патот на корумпирани политичари.

Бернис Кинг

“Нешто големо се случува. Општеството одбива неправда и сака да го крене својот глас за промени преку избори”, вели Бернис Кинг и се надева на промена и поголем одѕив на младите на следните парламентарни избори во ноември. Одѕивот на младите на парламентарни избори во 2014 година беше најслаб во историјата на САД.

“Мојата мајка вели дека борбата е бесконечен процес и слободата никогаш не е навистина освоена, секоја генерација мора да ја освојува”, вели таа.

Според неа, оваа последна генерација не дава многу надеж дека ќе се бори за слободата но се надева дека последните протести се сигнал дека и овие млади се бидат и се подготуваат да ја продолжат борбата на нејзиниот татко против трите болки на земјата – сиромаштијата, расизмнот и милитаризмот.

Имам сон Мартин Лутер Кинг Нобелова награда за мир убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.