Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Педијатри и матични лекари советувале да не се вакцинираат децата

0
By Менче Атанасова Точи on March 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од матичните лекари во јавно здравство и педијатрите во приватните болници ги советуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца. Ова го тврди доктор Стефана Тасеска педијатар која цел работен век го поминала со вакцинација на децата. Таа вели дека кога се проширила анти- вакциналната кампања ги повикувале овие лекари на разговор за да ги прашаат зошто го прават тоа.

„Не можам да објаснам зошто е тоа така, дали некој клиентелизам беше во прашање бидејќи кога ни ги праќаа родителите со децата тие ги одбегнуваа вакцините и велеа дека педијатарот им кажал да ја пролонгираат или одбегнат таа вакцина. Се јавувавме кај колегите да ги прашаме зошто е тоа така и тие велеа„ знаете тој е бизнисмен“. Тоа се работи кои не се издржани и не треба да ни се случуваат“ изјави доктор Стефана Тасеска педијатар во пензија.

Македонија е во состојба за појава не епидемија на морбили предупреди  професор Александра Грозданова претседател на Комитетот за имунизација.  Причина за тоа е нискиот опфат за имунизација.

„На последниот состанок на Комитетот за имунизација беше презентирано дека опфатот со имунизација со вакцина против морбили(ММР) е 86 проценти. Но, поразително е тоа што во две општини во Скопје, во Центар и Карпош опфатот е 62 проценти. Тоа значи дека сме во ризична бројка и во состојба за појава на епидемија“рече професор Грозданова.

Проблемот со катастрофалниот пад на вакцинацијата започна пред 10-12 години со појавата на разни„ мешетари“ кои почнаа да протежираат тези кои не беа издржани од научен аспект, објаснува Тасеска.

„Се почна со извесна Слаѓана која дојде на овие простори и шеташе по државата и пропагираше  теза против вакцинација која не беше базирана на научни докази. Тоа  беше како едно торнадо. Првите нејзини настапи во траење од 3-4 годни ние успевавме да ги амортизираме бидејќи се уште имавме јак здравствен систем. Но, како се развиваше ИТ технологијата, се отвораа форуми на родители, секој пишуваше што ќе му дојде на памет и никој не одговараше,  се тоа доведе до овие застрашувачки бројки“, рече Тасеска, педијатар која целиот работен век го поминала на терен со вакцинација на децата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.