Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Без уставни измени до ноември државата нема да се дестабилизира, но демократски ќе се уназади

0
By Marta Pesevska on September 15, 2023 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека како и претходно, и денес е реалист во однос на очекувањето дали измени на Уставот ќе се случат до ноември. Рече дека ако не се случат дотогаш нема опасност од дестабилизација на државата, но дека е  можно драстично демократско уназадување и економско стагнирање.

-Не можам да кажам дека нема да бидат, не ги знам евентуалните комуникации, ако постојат, кои луѓе од Владата или меѓународни посредници можеби ги имаат со двете страни. Можеби тука нешто ќе се промени. Но, гледам дека позицијата на опозицијата е прилично тврда, а искуството ме учи дека кога се приближуваме кон избори, а изборите се за седум до десет месеци од денес, многу тешко го менувате тој став кој ви носи партиски поени. Овој став на главната опозициска партија е од чисто партиски резон, за да добијат гласови, особено кај етничките Македонци, рече Пендаровски во интервју за емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Не гледа приближување и реалната состојба денес, рече, е дека позициите на двата главни политички блока во Парламентот се еднакво далеку еден од друг како што беа и пред една година или пред пет-шест месеци.

Смета дека „не е никаков проблем, ниту опасно  за стабилноста, перспективите и иднината на Македонија Бугарите да бидат една од 12-13 заедници кои ги имаме или ќе ги имаме во Уставот“.

-Ако 3 500 луѓе што живеат во Македонија се проблем, тогаш не знам што друго би било реален проблем што би ни се заканувал, рече Пендаровски.

На прашањето какви би биле реперкусиите ако до крајот на ноември не се остварат уставни измени, шефот на држава одговори дека изјавите дека би можеле да останеме во последната група или подгрупа од Западниот Балкан за интегрирање не е закана, туку легитимна политичка проценка.

-Но, пред извесен период имаше изјави од некои политички актери кои велеа дека ако сега не продолжиме кон интеграции во Европа, дека можеби некои општини со доминантно албанско население би можеле да побараат сопствен пат кон Европа. Настрана што тоа е невозможно, но тоа се неодговорни политички изјави и непотребно го заплашуваат народот бидејќи такво нешто е невозможно. Такви слични изјави имавме слушано во 2008 и 2009 во однос на НАТО-интеграциите. Никаква дестабилизација на Македонија нема да се случи сигурно. Ако не се случи во 2008, кога на самитот во Букурешт бевме одбиени за членство во НАТО, нема никаква причина дека сега, ако не продолжиме кон Европа, би се случила таква безбедносна дестабилизација, рече Пендаровски.

Но, укажа дека може да се случи намалување на економската активност и како што рече, „да се отвори широко врата за популистички и националистички политички структури“.

-Тие би можеле да дојдат конечно на власт и да почнат во пракса да ги спроведуваат своите концепти за БРИКС, за некои алтернативи на ЕУ и на западната алијанса во целина, што знаеме каде ќе не одведе. Значи, во смисла на демократијата можеме да назадуваме драстично, како што назадувавме од 2008 до 2016, кога Европската комисија рече дека Македонија е заробена држава. Тоа може да ни се случи и сега – уште поголемо економско стагнирање и, неспорно, демократско уназадување, што се два битни параметри за да имате релативно задоволни граѓани, рече Пендаровски.

Пендаровски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.