Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски го свикува Советот за безбедност, засега нема вонредна состојба

0
By Нова ТВ on March 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај состојбата во Шпанија која е една од високоризичните држави во однос на коронавирусот, на 17 март е закажана седница на Парламентатот со една точка на дневен ред ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, информираше претседателот на државата Стево Пендаровски на прес-конференцијата која се одржа на отворено.

Потоа, според Пендаровски, се чека само на потпис од шпанскиот крал, а за тоа лично добил гаранција дека ќе се случи веднаш штом ќе помине ратификацијата во шпанскиот парламент. Шефот на државата, исто така, информираше дека во Брисел се завршени координациите на членките на ЕУ и дека на 26 март Македонија и Албанија, според неговите информации, ќе добијат зелено светло за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Идната недела се најавени посети на претставници од Брисел да ни соопштат детали околу процесот. Тој потврди дека е откажана свечената церемонија во Стејт департмент во Вашингтон на која требало да присуствуваат генералниот секретар Јенс Столтенберг и Мајк Помпео, државниот секретар на САД.

Пендаровски соопшти дека изминатите денови имало обиди за организирано ширење лажни вести во земјата за да се влоши ситуацијата користејќи ја епидемијата со корона вирусот. Службите во неговиот кабинет детектирале неколку такви обиди за предизвикување паника.

„Апелирам само за една работа: информирањето да биде од официјални извори. Во вакви ситуации, кога се случува епидемија на болест, има и епидемија на лажни вести кои креваат паника кај населението, при што се создава ситуации кога не им се верува на официјални, туку на алтернативни продуценти на вести. Нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести за предизвикување паника. Не се работи за незнаење, туку за организирано и планско, со цел дополнително да е влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите“, рече Пендаровски.

Затоа во понеделник тој закажал и состанок на Советот за безбедност на кој покрај стандардните членови ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот ќе се разгледа како да се одговори на ситуацијата со проценка дека состојбата засега не е таква да се воведе вонредна состојба.

Како опции коишто на државата ѝстојат на располагање Пендаровски, меѓу другото го посочи и ангажманот на војската без да се прогласи кризна состојба. Превентивни мерки против коронавирусот има и пред Вила Водно. Имено, новинарските екипи кои денес се упатија на прес-конференцијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, беа кратко задржани на влезот со цел да им биде измерена телесната температура, како превентивна перка против коронавирусот.

Ако се одложат изборите за месец или два не е пропаст на светот

Во однос на дилемите во јавноста дали ќе има одложување на изборите негова проценка е дека избори со редуцирана кампања може да се реализираат, но има голема резерва за самиот ден на избори.

Пендаровски смета дека поради состојбата со коронавирусот голем број граѓани нема да излезат на избори и дека многу тешко ќе биде да се реализираат посебни мерки за гласање со оглед на тоа дека изборите се организираат во затворени простории и околу 500-600 лица гласаат во една изборна единица.

„Ако се одложат изборите на месец или два, тоа нема да биде пропаст на светот, најважно е здравјето на граѓаните. Не сакам да се сфати дека јас сега некому наметнувам решение или некому држам предавање. Сметам дека партиите на следната средба повторно треба да се навратат на ова прашање. Еден милион граѓани гласаат кај нас, имаме 3.000 гласачки места, 5 члена во Избирачките одбори и 5 нивни заменици. На денот на избори имаме гигантска операција за пренос на избирачкиот материјал, па потоа на крајот тој се предава на пребројување“, рече Пендаровски.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.