Претседателот Стево Пендаровски ќе ја претставува Македонија на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.
Од кабинетот на Пендаровски за Слободен печат потврдија дека добиле покана од Бакингемската палата и дека претседателот ја прифатил поканата.
На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.