Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски не прави ревизија на судската одлука, Мицкоски не бара амнестија, туку правда

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најдовме разбирање, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и потенцира дека не бараат амнестија или милост, туку правда за осудените за „27 Април“.

Тезата на претседателот Пендаровски е дека ако продолжиме со ваква крајно спротивставена политичка реторика, ние не само што нема до дојдеме до национално или граѓанско помирување, туку, како што истакна, нема да можеме да воспоставиме ниту базична политичка комуникација меѓу нас, како што сега е ситуацијата.

–  Не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто, тоа е завршена работа, луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази. Зборувам за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели. Мојот став дека ако има нови докази кои порано не биле познати, може да го преотвори процесот, не значи дека јас заговарам преотворање на процесот. аАмо ја цитирам одредбата од Зкаонот и законската можност според која тие луѓе преку своите адвокати во вонреден правен лек можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, ако такви постојат. Одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носи некој полтички фактор, туку судот, изјави претседателот Пендаровски.

Мицкоски појасни дека обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок поради непостапување е драконско и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек и врз основа на  новите докази што бранителите ги поседуваат да бараат правда од трет степен како што е Вреховниот суд или пред Европскиот суд за човекови права.

–  Она кое што е реалност, поврзана со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на лицата коишто се осудени поради настаните од 27 април, во моментот е завршена, и за жал најголемиот дел од нив се уште ја немаат таа одлука добиено, за да можат понатаму да ја искористат вонредната, вонреден правен лек, односно да можат понатаму врз основа на новите докази, коишто според моите информации, ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски потенцира дека очекува политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и од судските одлуки, да се ослободи обивнителството и судството од каков било политички притисок, а секој граѓанин да има право на своја одбрана, на жалба, на вонреден правен лек во фер услови. Очекува ова да го потврди и Пендаровски и останатите политичари, пред се врвот на власта.

– Најсреќен би бил Заев да не влијае на судството, тоа е мојата молба, рече меѓу другото Мицкоски.

Потврдувајќи дека ВМРО – ДПМНЕ ги одмрзнува односите со претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски информира дека по денешните разговори и за евроинтеграциите, за политичка и економска сосотјба, за состојбата со криминалот и корупцијата, за стратешки проекти, за ставот на ВМРО – ДПМНЕ за клиничкиот центар, за инвестирињето во нова гасна централа… се договориле и понатаму да комуницираат за крупни прашања од интерес на државата и граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

ВЕСТИ October 17, 2025

На 19. октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот…

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.