Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски од Небрегово: Конески и неговото дело една од нашите вредносни котви кои ни даваат стабилност

0
By НОВА ТВ on October 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдање и смрт на глобално ниво, во време кога пандемијата не дистанцираше од другите, често и од самите себеси, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви кои ни даваат стабилност во нестабилново опкружување. Една од нашите заеднички вредносни котви е, секако, она што зад себе како животно дело го остави Блаже Конески, филолог, лингвист, визионер. Ова го истакна, меѓу другото претседателот, Стево Пендаровски пред родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово. Со денешниот ден посветен на Конески се заокружуваат Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ од Скопје. Покровител е претседателот Пендаровски.

Според претседателот Пендаровски, Конески опстојува како заштитник на нашата модерност – јазична, мисловна, книжевна, образовна и институционална.

-Тивок човек, кој со својата посветеност, одговорност, работливост и смиреност, треба да ни биде модел за нашето сегашно и идно дејствување во промоција на заедничката кауза. Токму затоа личноста која е парадигма за нашата национална еманципација и прогресивност треба да ја чествуваме постојано, не само јубилејно. Тој беше човек на кој не му требаа почести. Неговата големина дополнително беше нагласена со неговата скромност и личниот аскетски профил. Во наследство ни ги остави – мислите, зборот, емоциите, духовноста и јазикот, без да побара надомест. Имено затоа, кај нас лежи одговорноста да не го заборавиме  она што Конески ни го остави како културно наследство бидејќи низ неговото дело, всушност, се надѕираат сите слоеви на нашата култура, рече Пендаровски.

Многу е важно, порача, да се спротиставиме на културата на заборав, која, за жал, е голема закана во овие брзи времиња. -Неопходно е да ги реартикулираме во нашата сегашност, белезите на оние кои се арматурата на нашиот национален и културен континуитет. Овој собир, посветен на Конески, токму тоа и го прави – го позиционира во сегашноста неговиот легат уважувајќи дека без поглед кон значајните секвенци и личности од нашето подалечно и скорешно минато, нема да можеме да ги видиме сите опции на утрешниот ден, истакна Пендаровски.

Елена Јованова Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, рече дека со денешниот ден пред роднаста куќа на великанот Конески се заокружуваат Отворените денови на Институтот, почнати од 18 октомври со повеќе настани.

-Блаже Конески е грандиозниот и визионерски Македонец што на 100 години од раѓањето ја обедини нацијата и доби исклучителен респект од УНЕСКО. Во манир на голем филолог, со студиозност и доследност му докажа на светот дека македонскиот јазик е засебен во однос на соседните и другите словенски јазици што заслужено доби кодификација со своја азбука, правопис, речник, граматика …Конески зад себе остави изградени научници и професори што стамено чекорат по неговите стапки. Блаже остави школа, продолжувачи што се прифатени и почитувани во светот на лингвистиката, славистиката, балканистиката, литературната наука. Заедно со Божо Видоески ги внесе македонските дијалекти во словенскиот дијалектен атлас. Блаже Конески ја издигна македонската поезија и ја направи препознатлива во светот, особено по Струшките вечери на поезијата, рече Јованова Грујоска.

Професорот Људмил Спасов ги нагласи поврзаноста и значењето што Блаже Конески ги потенцираше за важноста на Светиклиментовото дело.

– Конески нагласува дека Свети Климент е заслужен што е прв епископ од словенскиот свет. Преку Свети Климент, смета Конески, се кристализира македонската национална свест. Свети Климент и неговата дејност им припаѓаат и на други народи. така треба и да биде. Но, треба да го повториме тоа дека тихите кандила пред иконите на Свети Климент низ вековите гореле само во нашиот регион, изразувајќи молитва, надеж и човечка солидарност. Пораката на Конески е еднозначна: ние, Македонците, Светиклиментовите потомци сме поставени пред предизвикот,заедно со него да бараме признание за својата самостојна културна акција и за својата национална независност. Да се потсетиме, Македонците застанаа пред предизвикот за создавање своја, самостојна држава во 1991 година, рече Спасов.

Денеска и официјално беше отворена од прилепскиот музеј реновираната училница во некогашното училиште каде Блаже Конески учел во прво одделение.

Конески Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.