Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес – да ги мотивираме младите да останат во државава

0
By Ана Василевска on August 2, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Стево Пендаровски од Крушево
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на одбележување на 2 Август, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Пред присутните Пендаровски кажа младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена, клучни за трансформациите во државата, но денес кажа се загрозено малцинство.

– Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасен тренд и истиот не се успори со посветени политики и конкретна, во пракса реализирана стратегија за младите, нас нè очекува многу полоша иднина од онаа која во моментов ја антиципираме, кажа Пендаровски.

Зборувајќи за причините за иселувањето, Пендаровски рече дека младите заминуваат во туѓина, бидејќи се отуѓени во државата. Од независноста наваму, младите, како што рече, се пасивни приматели на политиките, нивната енергија се користи за теснопартиски цели, тие кажа, не веруваат дека со труд може да се напредуваат, туку со партиски книшки, роднински врски етничка припадност наместо знаење и квалитет.

– Со тоа се отвора широка врата за корупцијата, а секоја коруптивна трансакција на пари и моќ воспоставува двојни стандарди, ја поништува еднаквоста пред законите, ја руши довербата во институциите и конечно, ја обезвреднува државата. Како најголем генератор на неправда и нееднаквост, корупцијата е една од главните причини за масовното иселување на младите. Иселувањето не е ништо друго освен конечен протест на младите генерации, кажа Пендаровски.

Претседателот додаде дека од АСНОМ, па до денес, се потврдува дека е тешко да се дојде до слободна држава, уште потешко да се изгради и одржи слободно и праведно општество, кое е обврска на сите генерации.

Затоа, нагласува, потребни се европски реформи, најбрз и најсигурен начин за суштински реформи, без како што рече, бирократски импровизации и партиски и бизнис-махинации се преговорите за членство во Европската Унија. Според него, интеграцијата ќе ја трансформира секоја општествена сфера, ќе овозможи градење на функционална правна држава со независен и ефикасен судски систем како предуслов за економски раст и одржлив развој.

– Преговорите ќе ни помогнат да ја направиме корупцијата помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да ја замениме со култура на одговорност и личен, морален интегритет. При тоа, треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е, да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, кажа претседателот.

Тој повика да се надминат разликите, сите да се сплотат околу започнување на преговорите, за да не се изгубат младите, без чија енергија е не е можно решавање на какви било прашања.

– Делчев со право бил против избрзано востание што ќе доведе до големо крвопролевање. Тој не се залагал само за слобода на македонската земја, туку за слобода и на македонскиот народ, бидејќи не сакал земја без народ. Ако поради преурането востание, младата илинденска генерација беше безмалку десеткувана, денес, поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена, рече Пендаровски.

Говорејќи за младите востаници, илинденци асномците, рече дека историските извори сведочат дека младите се оние кои ја создадоа државата, се бореа за неа, предводеа револуции, демонстрации и дека поради борбата на млади антифашисти денес имаме држава.

Осврнувајќи се на историјата рече дека делегатите на АСНОМ го чествувале и Делчев и посветиле цело поглавје на младите и дека благодарение на младите антифашисти денес имаме држава.

– Затоа, денес, на ден Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска. За век и векови да го славиме, честит Илинден на сите Македонци и македонски граѓани!, рече Пендаровски.

Како што е најавено денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателот Стево Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, во 12 часот, а ќе биде пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите. 

АСНОМ Пелинце Стево Пендаровски од Крушево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.