Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски од Штип: Повикувам на граѓанска мобилизација за промени

0
By Нова ТВ on April 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Стево Пендаровски вчера им се обрати на Штипјани барајќи од нив да гласаат за кандидатот на СДСМ кој повика на граѓанска победа за промени во државата.

„Денес Македонија е раскарана со сите соседи и каска позади сите во регионот. Во нашава држава законите селективно се применуваат. Дури и Рамковниот договор, кој е од суштинска важност за опстанокот на земјава, го сведоа на квота и бројка. Нѐ поделија по секоја основа. Нѐ понижија кога спомениците ги направија поважни од нас, живите“, започна Стево во своето обраќање на големиот граѓански собир во Штип.

Пендаровски зборуваше, но и ги слушаше штипјани, кои вечерва во голем број дојдоа да му дадат поддршка.

„Во нормалниот демократски свет, човекот е пред сѐ. Не може држава без народ. Со нова политичка структура која ги разбира проблемите на младите, возможно е да се спречи масовното иселување. Тоа не се постигнува со лагите кои актуелнава Влада ги применува. Лажат дека ЕУ и САД се распаѓаат. Но, ако е тоа вистина, тогаш зошто нивните скапи роуд шоуа се сконцентрирани токму на барањето инвеститори од таму. Не, не се распаѓаат ниту ЕУ, ниту САД, туку ние финансиски и економски колабиравме “, зборуваше Стево пред насобраната толпа.

Во интерактивниот дел од граѓанскиот собир, штипјани се интересираа за корупцијата во државата, невработеноста, исселувањето, сиромаштијата што ги тишти секојдневно.
„Дали квалитетните кадри после 27 април ќе добијат шанса за практична примена на своето образование и на своите способности, како би дале личен придонес за развојот на нашата земја“, праша една млада штипјанка која присуствуваше на собирот.

„Ќе бидам конкретен“, одговори Стево, „квалитетните кадри ќе добијат шанса ако ги направиме потребните политички промени“.

Штипјани сакаа да дознаат како да се справиме со корупцијата која е во секоја пора на општеството.

„Системска е корупцијата во Република Македонија, која во последната фаза се нарекува држава заробена во криминал. Проблемот е во главата, не во опашката. Предлагам да ја смениме главата, за на сите останати да ни биде подобро“, им одговори Пендаровски и побара масовна граѓанска мобилизација на 13-ти и 27-ми април, како би можеле да ја испратиме пораката дека Македонија заслужува промени и Македонија заслужува вистински претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.