Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски-Шидер: Северна Македонија останува силно посветена на евроинтегративниот процес

0
By Нова ТВ on May 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.

На средбата, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Република Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската Унија. Во таа насока, претседателот изразил задоволство од последната усвоена Резолуција од страна на европратениците, во која непристрасно се нотира реалната слика за постигнатите реформи и политичката состојба во земјата.

Во разговорите, како што стои во соопштението, било посочено дека и покрај потешкотиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија останува силно посветена на евроинтегративниот процес. 

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за ангажманот на австрискиот европратеник Шидер, и ги реафирмирал очекувањата за што поскоро усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата меѓувладина конференција со Европската Унија за време на португалското претседателство.

Соговорниците изразиле очекување дека соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Европскиот парламент ќе продолжи со уште позасилена динамика во иднина, за што значаен придонес и поттик дава конструктивниот дијалог во Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.