Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Сликите од Србија не смее да се повторат, државата мора да овозможи здравствена заштита

0
By Нова ТВ on March 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на државата упати личен апел до приватните болници да ги намалат цените за лекување на ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит
За да нема сомнеж за злоупотреби, на Советот за безбедност е договорено функционерите да се пријават за вакцинација преку веб-страницата на Министерството за здравство и да се вакцинираат тогаш кога ќе им дојде редот, како и на сите други граѓани

Вакцинирањето мора да се спроведе во најдобар ред и така да остане до целосна имунизација на населението. Прекини во процесот не смее да има – ова го побарал шефот на државата Стево Пендаровски на седницата на Советот за безбедност. Тоа што немаше вакцини, па граѓани изминатиот викенд масовно одеа во Србија да се вакцинираат, рече претседателот, е срам за државата.

„Такви слики едноставно не може да се повторат. Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно државата мора да пружи здравствена заштита тука. Точно е дека се потпиравме на Ковакс, кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира“, изјави Пендаровски.

Претседателот рече и дека здравствените капацитети се искористени до максимум, но државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Венко Филипче, пак, добил уверување дека такво нешто не се случило досега ниту ќе се случи во иднина.

„Сакам да упатам и еден личен апел – да ги повикам приватните здравствени установи да се откажат од профитот за да ги направат нивните услуги подостапни за граѓани и ако има потреба да го упатуваат својот персонал во јавните здравствени установи. Не треба лични трагедии да ги користиме за лични бенефити“, рече Пендаровски.

Во однос на вакцинацијата на државниот врв и на другите функционери, шефот на државата рече дека на денешната седница се договориле, за да нема сомнеж дека некој ја злоупотребил позицијата, секој да се пријави за вакцина на интернет-страницата на Министерството за здравство, како и секој друг граѓанин на државата и да биде вакциниран тогаш кога ќе му дојде редот.

Денешната седница на Советот за безбедност беше 12. по ред. Советот е највисокото советодавно тело во државата и ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Денеска, покрај редовните членови, присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски.

Негови редовни членови, покрај шефот на државата, се и: претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.